Ом е звукот на Универзумот, а сè во Универзумот е составено од енергија. Вашето тело, растенијата, небесни предмети и светлина, на најосновно ниво, сите се составени од енергија.
Прочитајте неколку придбивки од повторување на звукот на Универзумот.
1. Помага да се поврзете со вашата вистинска суштина
Кога мантрате Ом, го повикувате сè она што е на најдлабоко ниво. Јога што во превод значи „да се будиш“ е пракса на поврзување со вистинското Јас. Со космичкиот звук Ом, вербално, физички и симболично ја создавате врската помеѓу вашето внатрешно Јас и Универзумот.
2. Го смирува умот
Дури и да ги оставиме настрана сите духовни или филозофски алузии, повторувањето има позитивен и смирувачки ефект врз мозокот и централниот нервен систем. Тоа ве враќа во сегашниот момент и ја развива вашата свесност.
Ова е особено корисно ако вашиот ум „лута“ поголемиот дел од времето во негативни обрасци на размислување. За да бидат работите уште полоши, секој ден сте изложени на застрашувачки спектар на негативни стимули. Ом се пробива низ „густите мисли“ и ја чисти негативноста, заменувајќи ја со чувство на јасност и единство. Делува како детокс на умот.
3. Не поврзува со телото
Кога мантрате Ом, вибрациите се движат низ градите, грлото и главата. Ова ви дава непосредна сензорна врска со енергијата на организмот и може да ви помогне да се чувствувате повеќе поврзани со себе.
Во однос на чакрите, ова одговара на чакрите на срцето, грлото и крунската чакра, кои се поврзани со повисоката свест – токму состојбите со кои би се надевале дека ќе треба да се поврзете со повторување на Ом.
4. Чувство на припаѓање
Кога Ом се повторува во група, чувството за заедница создадена преку тој заеднички звук може да биде неверојатно моќна. Кога сите индивидуални Ом ќе се соберат да формираат еден кохезивен Ом, го наоѓате своето место во Универзумот и може да започнете да го потврдувате степенот до којшто разделбата помеѓу поединците е илузија.
Исто така се поврзувате и со античката јогиска традиција на мантрање Ом, градејќи мост помеѓу вашата пракса и ритуалите на оние што го извикувале илјадници години.
5. Го означува почетокот и крајот на праксата
Нашите животи имаат тенденција да бидат хаотични и честопати стресни. Јогата и медитацијата можат да обезбедат можности да се оддалечиме од бучавата и тоа оддалечување да премине во концентрација и свесност.
Сепак, некогаш е тешко веднаш да се префрлите од динамиката на секојдневниот живот во фокусот на јога или медитација. Повторувањето на Ом може да биде ефикасен начин за обележување на разликата помеѓу секојдневниот животот и праксата. Тоа им дава можност на умот и на телото да пристигнат во сегашниот момент.
Слично на тоа, на крајот на праксата, може да обезбеди момент на пауза, дозволувајќи миг на размислување за тоа што се случило.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.