Сите сакаме да бидеме среќни и мислиме дека е многу тешко да постигнеме тоа. Но, всушност постојат навики за среќа кои можеме да ги применуваме и со сигурност ќе ни помогнат. Проблемот настанува, кога среќата ја бараме на погрешни места. Мислиме дека ќе бидеме посреќни ако имаме повеќе пари, моќ, слава или влијание. Мислиме дека ќе бидеме посреќни ако сме побогати, попривлечни или ако имаме поубави работи. Ништо од ова не е точно. Се разбира, потребна ни е одредена сума на пари за да бидеме финансиски сигурни, но повеќе пари, не можат да ни донесат и повеќе среќа.
Среќата не доаѓа од материјалните работи, таа доаѓа од длабоката поврзаност со другите и од чувството за исполнетост и значење во нашите животи. Среќата доаѓа кога сме ослободени од психичкото страдање и зависноста од условеноста на умот. Без овие работи, не е важно колку е модерно уреден нашиот стан, колку е скап автомобилот што го возиме или колку сме познати на Инстаграм.
Но, да речеме дека сме сфатиле дека ја бараме среќата на сите погрешни страни, како тогаш да ги промениме правците за среќата да биде дел од нашето секојдневие? Гледајќи наоколу, многу луѓе, особено во изминатите години го промовираат „патот до среќата“, на различни начини, но сепак некако се чини дека многумина од нас се сè помалку среќни. Да речеме дка тоа може да биде поради две причини:
1. Многумина од оние кои ни „продаваат среќа“ всушност ни продаваат измама, и
2. За вистинска среќа е потребно работа, а не доволно од нас се подготвени да работат на случајот да бидат среќни.
Сепак, постои вистински начин да се „најде“ среќата. Вистинската, долгорочната, исполнувачка среќа која не зависи од надворешните фактори. Секако, тоа бара малку повеќе работа. Но, ако ја завршиме работата која е потребна, ако примениме навики за среќа таа е прилично загарантирана. Би се сложиле дека тоа е доста фер договор, нели?
Ова се 5-те навики за среќа кои сигурно ќе го трансформираат вашиот живот и ќе ве направат вистински среќни:
Свесност за сегашниот момент
Ова би значело да се биде целосно присутен во моментот, нешто што малкумина од нас го постигнуваат во секојдневниот живот. Многумина шетаат наоколу во состојба на негирање или неприфаќање на сегашниот миг, или на фантазирање за одредени промени кои би ја измениле иднината, но и би се случиле во иднината. Посакуваме работите да се одвиваат на одреден начин, и веруваме дека нашите желби ќе се остварат. Тоа се нарекува магично размислување и е опасно бидејќи кога не сме во сегашноста, во сегашниот миг, кога сме одвоени од реалноста, немаме моќ да преземеме акција и да направиме вистински промени во нашите односи со блиските, на работните места или генерално промени за нашата благосостојба. Кога ја негираме реалноста, односно сегашниот момент остануваме без моќ, пасивни и беспомошни. Ваквиот начин на функционирање секако нема да ни помогне да бидеме среќни.
Треба да се разбудиме и навистина да видиме што се случува во и околу нас. Кога ќе се соочиме со вистината, со сегашниот момент стануваме способни да се справиме со сè што се случува. Кога постојано ги негираме емоциите што ги чувствуваме, ситуациите во кои се наоѓаме, не можеме директно да се справиме со проблемите, па така не можеме ниту да си веруваме дека сме способни да се справиме со проблемите, а тоа всушност и го поттикнува негирањето, како еден магичен круг. Од друга страна, колку повеќе се соочуваме со вистината, со реалноста на сегашниот момент и се справуваме со она што се случува во овој момент, толку посамоуверени стануваме во нашите способности и полесно остануваме присутни во сегашниот момент.
Лична одговорност
Многумина од нас имаат да речеме лоша навика да ги обвинуваат другите за нашите проблеми. Си велиме дека нашиот партнер е виновен кога ќе ја раскинеме врската или дека нашиот шеф или колега е виновен затоа што сме ја изгубиле работата. Но, ваквиот став всушност не ни дозволува да промениме ништо.
Кога ги обвинуваме надворешните фактори, личности за нашите несреќни, не можеме да ги подобриме нашите животи. Од друга страна, кога преземаме одговорност за изборите што ги правиме, имаме шанса да учиме од нашите грешки и соодветно да го прилагодиме нашето однесување. Колку поголема одговорност преземеме за акциите во нашиот живот, толку повеќе сме способни да ги решиме проблемите кои се појавуваат.
(Само)сочувство
За да бидеме свесни и да преземеме одговорност, потребно е да имаме и сочувство кон самите себе. Може да биде болно да се соочиме со фактот дека сме избрале партнер кој не ни е погоден, или дека практикуваме лоши навики кои имаат последици врз реалниот свет. Сосем е возможно да почувствуваме вина или срам за овие избори, можеби и да станеме депресивни или да бидеме вознемирени кога ќе се соочиме со вистина.
Во вакви ситуации треба да практикуваме сочувсто кон себе, да бидеме нежни со себе и да си пружиме љубов. Да не се критикуваме себеси, туку да се наградиме затоа што сме ја увиделе вистината, која е првиот чекор кон посреќен живот.
Сочувството кон себе значи да си простиме за лошите избори и одлуки кои сме ги направиле или донеле. Наместо да се кудиме, можеме да бидеме љубезни со себе, да разбереме зошто сме ги донеле тие одлуки или избори, а со тоа и да ги ставиме во перспектива грешките што сме ги направиле. Ова простување ни овозможува да ги видиме грешките со поголема јасност што ќе ни овозможи да не ги повторуваме во иднина.
Ментала флексибилност
Стравот, за жал, претставува голем дел од нашите животи, а еден заеднички одговор на стравот е менталната ригидност, во која не можеме да ја смениме нашата перспектива или да го промениме мислењето за работите. Менталната ригидност ни оневозможува да направиме промена. Ако не можеме да видиме дека нештото можеби и не е баш онака како сто сме мислеле дека е и ако не можеме да ги прилагодиме нашите идеи за тоа, или ако не можеме да се откажеме од одреден став или верување кое не ни служи, ќе останеме засекогаш заробени во ментален затвор кој сами си го создаваме.
Менталната ригидност создава многу непотребни проблеми и страдања. Од друга страна менталната флексибилност ни нуди слобода да ги менуваме нашите ставови, идеи, верувања, навики и односи на подобро.
Сочувство за другите
Некои луѓе сметаат дека единствен начин да се „успее во животот“ е да се биде себичен и да се користат другите луѓе за сопствени цели. Некои луѓе дури и веруваат дека грижата за другите и помагањето на другите им одзема од себе. Не мора да потенцираме колку тоа не е точно!
Може да се каже дека број еден извор на радост во нашите животи се значајните врски со другите луѓе. Ако сме себични и ги користиме луѓето, тогаш нашите интеракции со нив ќе бидат празни и бесмислени. Бројни истражување низ годините имаат докажано дека кога сме љубезни и дарежливи со останатите сме многу посреќни, отколку кога сме себични или бесчувствителни. Кога се грижиме за другите, го отвораме нашето срце и го полниме со љубов.
Сега кога ги објаснивме овие пет навики за среќа, можете да видите дека можете да го трансформирате животот и да станете навистина среќни. Се разбира, веќе рековме дека ќе треба малку работа за овие навики да станат дел од нашето секојдневие. Но, што е малку работа, во споредба со вистинска среќа? Па, што ве спречува да ги испробат овие навики уште денес?
Подготви: Горјана Бојаџиевска
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.