Стресот има негативно влијание врз нашето ментално и физичко здравје. Може да предизвика разни физички заболувања како главоболки, болки во стомакот, затегнати мускули, замор, па дури и висок крвен притисок. Ментално, стресот може да ја наруши концентрацијата или да создаде проблеми со меморијата. Затоа е многу важно да знаете како да се справите со стрес било да е на работа, или во секојдневниот живот.
Но, во нашето турбулентно општество управувано од притисокот на работата, семејството и потребата да се направи повеќе, како да го ублажиме стресот?
Постојат многу начини и опции за справување и намалување на генералното ниво на стрес кое го чувствуваме. Во продолжение, ние ви издвојуваме четири начини како да се справите со стрес во секојдневниот живот.
Создадете (или повлечете се во) релаксирачка атомосфера
Без разлика дали станува збор за релаксирачка музика, пригушено светло или нешто посебно прилагодено на вашиот стил за релаксација, најдете (или создадете) место каде што ќе дозволите стресот да „излезе“ од вас. Можеби тоа ќе биде мало делче од вашата дневна соба со голем прозорец и чаша чај. Можеби е вашиот кауч и добра книга, можеби е вашиот балкон. Можеби ќе биде бегство во природата, во најблиската шума или покрај реката. Каде и да се чувствувате најопуштени – одете таму.
Движете се
На хормоните на стресот, адреналин и кортизол што се наоѓаат во вашето тело по стресен настан, можеби ќе треба физичко ослободување. Можете да му помогнете на вашето тело да се ослободи од стресот со движење било да е тоа танцување, трчање, вежбање или какво и да е движење кое ќе ви дојде природно во тој момент.
Уживајте во природата
Можеби прошетка во парк или на планина, е она што ви треба за да го ублажите стресот во животот. Тоа не претставува само моментално бегство. Да се биде опкружен со растенија, дрвја, сончева светлина и свеж воздух се мелем за духот и нервниот систем.
Многу истражувања откриле дека луѓето кои поминуваат повеќе време во природа имаат пониско ниво на стрес. Исто така, друго истражување укажува дека времето поминато во природа ја подобрува когнитивната функција и има бенефити за целокупното ментално здравје.
Разговарајте со пријател/ка
Размислете за олеснувањето што го чувствувате кога имате можност да поразговарате за нешто што ве мачи со колега или кога ќе излезете со близок пријател. Дружењет со пријатели, она што психолозите го нарекуваат „социјална поддршка“, може да ве направи поиздржливи на стрес.
Одвојте време за вашите пријатели и сакани, и запомнете дека овие луѓе се тука за вас. Ве дели еден телефонски повик, пиво или прошетка низ паркот.
Иако стресот е природен дел од нашите животи, високо ниво на стрес е штетно за вашето физичко и ментално здравје. Вклучувањето на навики за намалување на стресот во вашата рутина може да ви помогне да останете смирени дури и кога се наоѓате во „стресна сезона“ од животот.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.