Според многу психолози постојат два вида на среќа, хедонистичка и евдемонистичка (еуеемонизам). Првата значи привремена среќа, сè она што моментално ни носи среќа, додека втората е поврзана со подлабоко чувство на исполнетост, духовна исполнетост. За да си помогнеме и да разбереме што значи тоа за нас, може да ги одговориме следните 4 прашања за среќа.
Хедонистичката среќа е важна за радост во моментот, но евдемонистичката е важна за долготрајна среќа или радост. Невозможно е да се биде среќен цело време, постојанo. Животот ни носи секакви предизвици, а понекогаш и лоши моменти. Во тие моменти евдемонистичката среќа, цврсто вкоренетото чувство на поврзаност со нешто поголемо од нас, е онаа која ни помага да останеме стабилни.
Работите што ви даваат чувство на хедонистичка среќа многу полесно може да се одредат. Тоа може да биде вечера со партнерот/ката, јога час, некое вкусно јадење, но прецизно одредување на евдемонистичката среќа бара малку повеќе разбирање на самите себе.
1.Што би правеле со целосно слободен ден?
Дел од евдомонистичката среќа вклучува откривање кои се нашите вредности и како можеме да ги вклучиме во секојдневниот живот. Ако не знаеме кои се нашите вредности добро е да размислиме што би правеле доколку имаме целосно слободен ден? Тука не се мисли на ден кога сме преуморни и сè што сакаме да направиме е да гледаме Netflix и да лежиме во кревет. Зборуваме за ден, кога ќе се разбудиме тотално одморени, без обврска да работиме. Како би го искористиле? Што би правеле?
За една личност, слободниот ден може да биде читање книга во природа со исклучен телефон. За друга, може да биде нешто авантуристичко како кампување под отворено небо. Додека некоја личност би сакала да го помине слободниот ден сам/а, друг би сакал да го помине во друштво. Кога ќе си го поставиме прашањето за „слободен ден“ треба да размислиме што овие овие замисли ни значат или кажуваат. Потоа, треба да одбереме начин како овие вредности да ги вклучите во нашиот секојдневен живот.
2. Како би сакале да го сумираат нашиот живот?
Толку е лесно да се „фатиме“ во секојвниот живот, што честопати забораваме да застанеме и да размислиме што е навистина важно? Дали сакаме да бидеме запаметени како грижлив родител? Пријател кој се наоѓа во тешките моменти? Некој кој им помага на маргинализираните групи?
Ако начинот на кој го поминуваме моментално времето, не се синхронизира со она што сакаме да го оставиме по нашето замнување, имаме шанса да размислиме за промените што можеме да ги направиме во нашиот живот. Ова можеби ќе не инспирира да волонтираме во некоја организација или да поминеме повеќе време со пријателите.
3. На што би си го „трошеле времето“?
Во животот треба да го „трошиме времето“ на активности кои сакаме да ги правиме. Но, треба да размислиме кои се тие активности кои не исполнуваат и не прават среќни? Кога ќе се најдеме во ситуација да треба да избереме што сакаме да правиме, тогаш добиваме претстава за нашите приоритети.
4. Чии лица ги гледате кога ќе го слушнете зборот љубов?
Ако пандемијата не научи нешто, тоа е дека врските помеѓу луѓето се важни. Клучно е да знаеме кои се луѓето во животот што ни носат радост и како да ги негуваме тие односи. Осаменоста има огромни ефекти врз нашето ментално и физичко здравје.
Сепак, количината на квалитетно време помината со други луѓе варира од човек до човек. Да речеме дека ние луѓето сме се како растенијата, кога зборуваме за социјалните врски. На некои растенија им треба многу сончева светлина за да напредуваат, на други малку. Треба самите да откриеме што ни одговара.
Не постои една универзална слика за тоа како изгледа долготрајна среќа. Овие 4 прашања за среќа само помагаат да откриеме како изгледа таа за нас. На истите можеме секогаш да се навратиме кога ќе почувстуваме незадоволство. Еј, сепак среќата може и не е толку недостижна.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.