Среќата е постојана состојба на тивка радост што постои во моментот од внатре кон надвор. Тоа значи да бидеме среќни во овој момент. Таа е манифестација на тоа што значи да се сакаме, да го сакаме нашиот ден, да го сакаме нашиот живот.
Како трагачи на среќа, важно е да се разбере колку таа зависи од внатрешните наспроти надворешните фактори. Околу 50% од среќата е одредена од нашите гени, 10% од нашите животни околности, а 40% зависи од нашите секојдневни активности.
Овие 50% се познати како нашата точка на задоволство. Одлична вест е дека имаме шанса да влијаеме на 40% од нашата среќа. Принципот на сантоша, втората од нијамите, или познат уште како и задоволство, е да живееме со изборот и да го сакаме она што животот ни го нуди во моментот. Во продолжение 3 начини како да бидете среќни во овој момент.
„Среќата зависи од нас самите“
Аристотел
1. Преземете одговорност
Среќата започнува со преземање непосредна одговорност за квалитетот на вашиот живот. Кога сме подготвени да ја прифатиме одговорноста, станува полесно автентично да опишеме каков сакаме да биде нашиот живот. Од таму, искуството на сега, ја проширува радоста што чека да сфатиме дека веќе се случува.
Среќните луѓе ја избегнуваат вината во сите свои инкарнации. Тие не ги обвинуваат другите луѓе, не ги обвинуваат околностите и не се обвинуваат себеси. Обвинувањето никогаш не помага да стигнеме онаму каде што сакаме. Всушност, среќните луѓе не само што избегнуваат обвинување, туку тие ја избегнуваат и зависта, алчноста и љубомората – кои се меѓу клучните индикатори за не-среќа.
2. Бидете присутни во моментот
Чинот на чекање на среќата за да бидеме среќни, или „одолговлекување на среќата“ како што уште може да се нарече, може да биде парализирачко. Ако имаме определени услови кои треба да се исполнат за да бидеме среќни, тогаш секогаш ќе чекаме, наместо да бидеме среќни во моментот. Ако се залажуваме себеси дека треба да ги разбереме причините зошто сме несреќни, резултатот ќе биде заглавување во таа состојба на не-среќа. Наместо тоа, одберете ги активностите што ви предизвикуваат радост, престанете да ги интелектуализирате вашите избори и живејте во сегашноста.
Зошто е толку важно да се биде присутен во моментот ? Духовната практика не учи дека сегашниот момент е извор на лекување, среќа, љубов и инспирација. Всушност, најчистата форма на среќа се наоѓа во сегашниот момент. Но, за да ги искористиме придобивките, не можеме да имаме само минливи моменти на присутност. Мораме да останеме доволно долго во овој момент за да можеме навистина да ја „впиеме“ среќата.
Применете го овој рецепт за среќа:
- секоја недела имајте еден слободен ден од социјалните медиуми за дигитална детоксификација. Наместо да гледате што другите луѓе направиме во минатото, фокусирајте го вашето внимание на вашиот сегашен момент;
- секој месец одвојте време за во природа, без разлика дали е тоа планинарење, пешачење по плажа или уживање во локалната шума. Забележете како само природата знае да биде во сегашниот момент;
- секоја година одете на краток одмор, каде што ќе можете да го прославите сето она што сте го постигнале и да уживате. Бидете присутни во моментот, наместо да се обидувате да постигнете повеќе.
3. Следете ја вашата страст
Среќата е директно искуство на ентузијазам. Запомнете, не е најважно како или кога ќе достигнеме нешто, туку тоа е чувството на ентузијазам за време на процесот, што го покажува квалитет на животот. Ентузијазмот ни дава шанса да одиме подалеку од нашата точка на среќа. Радоста е наше право. Тоа не значи дека доаѓа лесно, потребен е вистински труд. Сепак, овој труд се исплати и ние никогаш не треба да дозволиме да помине еден ден без да живееме со страст.
Откријте кои се вашите дневни активности кои предизвикуваат ентузијазам. Направете нешто што ве тера да бидете радосни во сегашниот момент.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.