Уметноста на разговор се менува. Понекогаш сме толку поврзани со нашите екрани што забораваме да се „поврземе“ со оние околу нас, но треба да го смениме ова. Од време на време убаво е да седнете да се одморите, да се опуштите и да разговарате со некого. Но, разговорот може бргу да стане досаден ако се држите до „такси“ муабети. На крајот на краиштата, уште што може да се каже за времето? За среќа, поставување на неколку хипотетички прашања како овие подолу, може да го претворат досадниот разговор во интересен.
Што ако?
Без разлика дали се серозни или смешни, хипотетичките прашања се одлична можност да започнете интригантни теми на разговор. Тие овозможуваат простор во кој луѓето може слободно да си ги искажат своите внатрешни мисли и чувства. Истовремено ви овозможуваат и да ја запознааете подобро личноста со која разговарате, затоа што овие хипотетички прашања или „Што ако..?“ прашања ве принудуваат да размислувате и да ја употребите имагинацијата.
Зачувајте ги „такси“ разговорите за следниот пат кога ќе чекате на ред во супермаркет, а пробајте ги овие прашања следниот пат кога ќе сакате да имате значаен разговор.
20 хипотетички прашања
1. Ако имате избор, дали би избрале да не чувствувате болка до крајот на животот?
2. Дали би прифатиле работа за која ќе ве плаќаат 50.000 евра неделно за да седите во темна просторија и да не правите ништо 20 часа на ден?
3. Што би слушнал/а ако ги прашам твои блиски личности да те опишат со 5 придавки?
4. На кое место на планетата не би сакале никогаш да живеете и зошто?
5. На која позната личност би и го опседнале телото, доколку станете дух?
6. Дали повеќе би сакале да заборавите сè што знаете за себе или да ги заборавите сите останати?
7. Доколку морате да одберете едно, дали би одбрале да го кажувате првото нешто што ќе ви дојде на ум или да не кажете ништо до крајот на животот?
8. Ако мора да одберете една песна која мора да ја слушате до крајот на животот, која би била таа?
9. Можете да одберете една боја пред да се родите која ќе ја гледате засекогаш. Која боја ќе биде?
10. Дали би одбрале да живеете до 50тата година во неизмерна среќа, или да живеете засекогаш несреќни?
11. Дали би убиле едно невино дете по цена да не постојат веќе болести во светот?
12. Ако можете да бидете професионален спортист во било кој спорт, кој би го одбрале?
13. Понудени сте со апче кое ви ја зголемува интелигенцијата за 50%, но по цена да ја изгубите целата коса и веѓите. Дали би го земале?
14. Ако сте крал или кралица на светот, кое правило би го наметнале?
15. Која платформа за социјални медиуми би одбрале да ја поседувате и што би промениле во истата?
16. Шетате низ шума и наидувате на црн куфер. Во него милион евра. Внатре крваво парче харија на пишува „НЕМОЈ“. Дали ќе го земете куферот со парите?
17, Ако постоеше временска машина, каде прво би отишле? Во минатото или во иднината?
18. Што би одбрале ако треба да изберете помеѓу денот или ноќта и зошто?
19.Ако можете да формирате тајно друштво, која би била целта и кои членови би ги вклучиле?
20. Ако го имате вниманието на светот, што би кажале?
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.