За повеќето од нас туширање со ладна вода претставува „леден пекол“. На крајот од денот, не размислувате ниту посакувате да се истуширате со ладна вода. Но, туширањето со ладна вода е навистина добро!
Со можност да промените сè, почнувајќи од вашиот начин на размислување, до вашето здравје, подолу ви даваме 14 научни причини зошто следниот пат кога ќе се влезете да се туширате, да се одлучите за ладна вода.
1. Го подобрува имунитетот
Едно истражување открило дека луѓето кои се подложуваат на туширање со ладна вода имаат повеќе бели крвни зрнца, кои се одговорни за борба против болести, отколку оние кои се тушираат со топла вода.
При туширање со ладна вода, вашиот имунолошки систем се активира преку забрзување на метаболизмот, со што се создаваат повеќе бели крвни зрнца.
Друго истражување испитувале 3.000 доброволци во рок од 30 дена, кои секое утро се туширале со ладна вода, во траење од 30, 60 или 90 секунди. Паралелно со нив, друга група испитаници, исто во рок од 30 дена користеле топла вода за туширање.
Истражувачите откриле дека во просек, групата која била изложена на ладна вода, биле 29% помалку отсутни од работа, споредбено со останатата група.
2. Подобра циркулација
Сакате да ја забрзате циркулацијата? Нема ништо поефикасно од студен туш.
Кога ладната вода доаѓа во контакт со вашето тело и надворешните екстремитети, крвта започнува да циркулира со побрзо темпо, за да ја одржи температурата на телото.
Експертите исто така велат дека честите ладни тушеви ги спречуваат кардиоваскуларните болести, бидејќи ниските температури го активираат циркулаторниот систем за да го намалат воспалението.
Стимулирањето на целиот циркулаторен систем, не е лош начин да се започне денот.
3. Влијае на плодноста
Ладните тушеви всушност можат да ги зголемат шансите да имате деца. Ова се однесува и за жените и за мажите. Едно истражување покажа дека мажите кои биле принудени да не се тушираат со топла вода, имале подобрување од 500% во квалитет на спермата, за само шест месеци.
4. Зголемен тестостерон
Тестостеронот е важен за многу мажи, зголемувајќи ги мускули, па дури и самодоверба. Истражувачите откриле дека туширањето со топла вода може да ја промени ДНК, манипулирајќи ја да произведува помалку тестостерон.
5. Ја намалува тежината
Студените тушеви се одлични доколку сакате да ја намалите вашата телесна тежина. Ова е затоа што ладните тушеви го принудуваат вашето тело да ги активира кафеавите масти внатре во вас, кои се користат за да го заштитат вашето тело и да ја задржат топлината внатре.
Според едно истражување студените тушеви можат да го забрзаат вашиот метаболизам и да ви помогнат да го контролирате шеќерот во крвта.
„Кафеавите масти немаат докажана врска со имунитетот, но тие влијаат на терморегулацијата на телото. Кога се активирани, го загреаваат телото со согорување на калории. Исто така можат да ја зголемат вашата енергија, да го забрзаат метаболизмот и помагаат во контрола на шеќерот во крвта. Тоа може да го намали ризикот од дебелина и дијабетес.“
6. Подобра коса и кожа
Ладната вода го намалува протокот на крвта, што на вашата кожа и дава поздрав изглед. Ладната вода исто така ги задржува природните масти на кожата и косата, кои со топлата вода се отстрануваат.
Студената вода исто така може да помогне да го избегнете чувството на „сува кожа“ кое предизвикува иритабилно чешање и црвенила.
7. Ве прави будни
Будењето наутро и започнување со денот, може да биде најтешкиот дел, особено ако не сте утринска личност.
Туширањето со ладна вода може многу да ви помогне. Контактот со ладна вода ја забрзува работата на срцето и го присилува вашето тело да земе повеќе кислород, а со тоа и побрзо да го разбуди мозокот.
8. Релаксира
Ладните тушеви имаат способност да ве релаксираат од стресни моменти. Тие го зголемуваат присуството на глутатион во крвта и ја намалува уричната киселина. Овие две работи во комбинација ве прават порелаксирана личност.
9. Ги контролира емоциите
Студените тушеви се неверојатен начин да го развиете фокусот и смиреноста. Тоа е затоа што тие го активираат кислородот во вашето тело. За да се опуштите при туширање со студена вода, значи дека вашето тело може да се опушти во скоро било која средина, со што ве конектира со рационалното јас.
10. Зголемување на волјата и способноста за справување со стрес
Дали има подобар начин да ја зацврстите својата волја, отколку да се натерате да направите нешто што не сакате да го правите, секое утро до крајот на животот ?
Туширањето со ладна вода е одличен начин да ја практикувате својата дисциплина и волја, а како и секој мускул во вашето тело, што повеќе ја вежбате, волјата станува посилна.
Според едно истражување туширање со ладна вода делува како форма на оксидативен стрес, кој со текот на времето резултира со антиоксидативна адаптација. Ова значи дека со текот на времето ќе станете подобри во справување со стресот.
11. Ве учи да дишете подобро
Едно нешто што многумина од нас го занемаруваат е квалитетот на дишењето. Студените тушеви ве принудуваат длабоко да вдишувате, а енергијата што ја добивате со правилно и длабоко дишење е доволна за да ви помогне да поминете низ остатокот од денот со енергија, дури и без вашето утринско кафе.
12. Расонува и го подобрува сонот
Студениот туш веднаш го буди вашето тело и претставува најефикасен начин за расонување. Ќе го започнете денот свежи.
Додека туширањето со ладна вода може да ве разбуди инстантно наутро, тоа исто така ќе ви помогне да заспиете полесно навечер.
13. Помага против депресија
Истражувачите докажаа дека ладните тушеви може да ја стимулираат „сината точка“ или областа во мозокот што произведува норадреналин, што е клучен хормон во борбата со депресијата.
Друго истражување покажало дека ладните тушеви го зголемуваат нивото на бета ендорфин во крвта. Тие испраќаат значителни електрични импулси од периферните нервни завршетоци до мозокот, што може да има анти-депресивен ефект.
14. Помага при обновување на мускулите
Ако вежбате во теретана, најважното нешто што ви треба е обновување на мускулите. Колку побрзо вашите мускули се опорават, толку побрзо може да ги зголемите повторувањата и тежината со која работите.
Студените тушеви се клучни за забрзување на обновувањето на мускулите, што е причина зошто олимпијците речиси секогаш ги користат придобивките од ладните тушеви и бањи.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.