Започнување со јога пракса може да изгледа како застрашувачка активност, а за почетниците, предизвиците со кои се соочуваат можат да ги одвратат од продолжување со праксата. Како да започнете со јога кога не сте во форма и не сте сигурни дали имате време да се посветите на секојдневната пракса? Добрата вест е дека постојат многу начини на кои можете да си помогнете и да ги „искористите“ придобивките од јогата дури и ако имате само неколку минути на располагање секој ден. Прочитајте ги следните 12 совети за јога почетници:
12 Совети за јога почетници
Фактот дека сте заинтересирани да започнете со јога часови часови е чекор во вистинската насока. Пробајте ги овие совети за почетници кои ќе ги споделиме со вас. Не мора да ги практикувате сите – дозволете вашата практика на јога природно да се развива со текот на времето.
1. Најдете квалитетен учител
Искусен јога учител може да обезбеди голем увид и насоки за вашата пракса. Квалификуван учител по јога може да одговори на вашите прашања и да ви помогне да го постигнете правилното држење на телото за секоја поза со практични прилагодувања. Одличниот учител треба да биде информиран, но сепак љубезен, пријателски настроен и сочувствителен.
2. Носете удобна облека
Правилната облека може да направи разлика за време на часот. Идеално, треба да одберете облека која направена од природни материјали за да може телото да диши. Одберете облека во која ќе се чувствувате удобно и ќе ви овозможуа природно да се движите.
3. Користете простирка која не се лизга и чистете ја често
Простирката ви овозможува да ја направите вашата пракса без да се грижите дека ќе се лизнете во позите. Погрижете се да изберете подлога која доволно „лепи“ и е „цврста“ за да може да ги држите рацете и нозете на место. Исто така, редовно чистете ја подлогата за да ги спречите непријатни мириси.
4. Модифицирајте го вашето тело и потреби
Особено на почетокот, ќе биде тешко да ја постигнете секоја асана дадена на часот. Кога ќе забележите дека имате потешкотии со изведба на некоја асана вашиот учител може да ви помогне да најдете начини како да ја прилагодите истата на вашето тело. Не плашете се да користите блокчиња, појаси или ќебиња за да ја прилагодите вежбата за вашето тело.
5. Избегнувајте да се споредувате
Бидејќи јогата е ваше сопствено патување, нема смисла да го проверувате напредокот на некој друг за да се споредувате и судите себеси со нив. Можете да црпите мотивација, благодарност и инспирација од способностите на нивните тела, но сепак, не се форсирајте и не се натпреварувајте со другите.. Редовното вежбање ќе ви помогне да „напреднете“ во вашата пракса.
6. Движете се полека и свесно
Не брзајте во секоја поза или на часот. Со внимателни движење, можете да постигнете одржлив напредок додека вежбате. Исто така, може да помогне да се спречат повредите, да се зајакне вашето внимание и да се подобри целокупната концентрација.
7. Фокусирајте се на вашата основа
Слично како основата на зградата, вашите раце и стапала ја формираат основата на вашето тело. Вашето тело треба да има силна и стабилна основа за правилно да ги „држи“ асаните. Обрнете внимание на начинот на кој се поставени вашите раце и стапала. Раширете прстите на рацете и прстите на нозете за да изградите цврста основа.
8. Внимавајте на дишењето
Дишењето или ритамот на дишењето е од суштинско значење на часовите по јога. Бавно и длабоко дишење во текот на вашата редовна пракса, ја зголемува циркулацијата и го намалувате стресот додека го стимулира умот и телото. Јогиското дишење помага да се намали ризикот од повреда, дозволувајќи му на вашето тело да се опушти додека се движи низ различни пози.
9. Јадете внимателно
Внимавајте на вашите навики во исхраната, особено ако претпочитате да јадете пред час. Ако сте гладни, лесна ужинка може да ви помогне да го задоволите чувството на глад. Многу луѓе претпочитаат да грицкаат мали порции бадеми или овошје. Избегнувајте мрсна или лута храна пред вашиот час. Обидете се да не јадете ништо 2-3 часа пред часот, инаку ќе почувствувате непријатност во асаните кои вршат притисок врз вашиот стомак.
10. Почитувајте ги границите на вашето тело
Откривањето и познавањето на вашите физички и ментални граници е од витално значење за вашата пракса. Слушајте го вашето тело додека се истегнувате, се движите и дишете. Ако имате проблеми со дишењето или чувствувате болка, прилагодете ја позата додека не можете да го направите тоа без да се мачите. Исто така, имајте на ум дека некои асани не треба да ги изведувате ако имате некои хронични заболувања, повреди или сте бремени.
11. Негувајте чувство за хумор
Здравата смисла за хумор може да ви помогне во моментите кога се чувствувате непријатно, па дури и засрамено да испробате нови јога пози. Имајте на ум дека нема притисок да бидете совршени додека се движите низ различни асани. Всушност, насмевката и внатрешното смеење за време на часовите по јога може да ви помогнат да останете опуштени и смирени, што ќе поттикне успех.
12. Бидете благодарни за шавасана
Шавасана, или положбата за релаксација со која се завршува часот можеби е најтешката поза од целиот час. Многумина од нас се навикнати да бидат постојано активни и зафатени, а лежењето мирно со своите мисли и чувства може да биде предизвикувачко искуство. Пробајте да го пренасочите вниманието на чувството како вашето тело се релаксира и свесно работете на ослободување од стресот и напнатоста за време на шавасана.
Сега кога имате добра идеја од каде да започнете, јогата сега може да стане дел од вашиот живот. Тоа е прекрасен начин да ја зголемите флексибилноста и силата, да го намалите стресот и да добиете поголем баланс во сите аспекти од вашиот живот.
Се надеваме дека оваа листа на совети за почетници и предлози ќе ви помогне полесно да се пронајдете во праксата и да го зголемите вашиот „напредок“ без оглед на стилот на јога што го практикувате.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.