Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Џапа медитација
    Јога

    Џапа медитација

    omnia.mkBy omnia.mk03/12/2019Updated:18/01/2023Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    јапа
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Џапа е античка практика во која мантра или име на божество се рецитира тивко или на глас. Потекнува од коренот на санскритскиот збор „jap“  (џап) што значи „да се повтори тивко и внатрешно“.

    Џапа го води практикантот во длабока медитативна состојба. Џапа медитацијата може да се изведува како manas медитација, vachak медитација или kirtan медитација. Во манас медитација, мантрата ментално се повторува. Во вачак медитација, мантрата тивко се повторува, додека во киртан се извикува придружено со музика.

    Што е мантра?

    Мантрата е традиционално специфична комбинација од санскритски букви (зборови) наредени на начин да постигнат одреден резултат. Секоја од овие букви претставува звук или вибрација за кои се вели дека влијаат на умот. За мантрите се вели дека ги отвораат срцето и умот.  Tие го ослободуваат умот од мисли и го подигаат во друга состојба на свест.

    Други извори велат дека мантрата не мора да бидe исклучиво составена од санскритски букви. Тие можат да бидат обични зборови што ги повторувате за време на медитација. Сепак, вообичаено мантрите кои се користат при џапа медитација се оние земени од санскритскиот јазик.

    Џапа мала

    Џапа мала е „накит“ направен од монистри кои се користи во духовни практики. Малите се користеле уште од антички времиња од страна на мудреци, јогини и будисти додека тие ги извршувале своите духовни обичаи. Монистрите на малата се користат за да се брои колку пати се повторува мантрата.

    Најчесто џапа малите бројат 108 монистри. Се верува дека 108 енергетски линии се спојуваат за да ја формираат срцевата чакра (анахата). Џапа малата може да има и помалку од 108 монистри, но бројот треба секогаш да биде делив со девет како што се 18, 27 и 54.

    Бројот на монистри во малата е поврзан со целта со која се практикува џапа медитација. Џапа мала со 27 монистри се користи за духовен напредок, додека џапа мала со 108 монистри се користи за да се постигне исполнување.

    Како се користи?

    На секоја монистра се повторува мантрата, додека со палецот се вртат монистрите во насока на движењето на стрелките на часовникот. Некои традиции или практики може да бараат движење на монистрите спротивно од движењето на стрелките на часовникот. Кога стигнувате до главната монистра која се нарекува гуру монистра (или sumeru, bindu, stupa) малата се врти во спротивна насока и се продолжува со мантрањето.

    Некои традиции сметаат дека правилниот начин да се употребува малата е со десната рака, поставена на средниот прст, додека палецот ги врти монистрите. Показалецот се смета дека го претставува егото, најголема пречка за самореализација, па затоа се избегнува при броење.

    Во други традиции малата е поставена на домалиот прст на левата рака, додека монистрите се вртат со средниот прст и повторно се избегнува употребата на показалецот.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    мала медитација џапа џапа мала џапа медитација
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleАштанга јога
    Next Article Бакти јога
    omnia.mk

    Related Posts

    Како да се ослободиш од негативни мисли и емоции?

    20/09/2024

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.