Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Здравје»Јога хигиена – техника џала нети
    Здравје

    Јога хигиена – техника џала нети

    omnia.mkBy omnia.mk16/08/2018Updated:06/02/2023Нема коментари4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    девојка како изведува џала нети
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Одржување на хигиената на телото е од огромно значење, не само за јога практикантите, туку за сите луѓе. Јогините, покрај основните добро познати начини на одржување на секојдневна хигиена, имаат и свои техники кои дејстувуваат за подобрување на општата благосостојба на телото. Една од тие техники е џала нети, техника за прочистување на носната шуплина, која се користи како алтернативен начин за справување со воспалени синуси, а исто така поволно делува и при чести настинки, грип, главоболки, астма и други респираторни проблеми.

    Првата од петте нијами во Јога сутрите на Патанџали е „saucha“ која може да се преведе како чистота. Во овој контекст ќе претпоставиме дека меѓу другото се однесува и на „телесна чистота“, што може да биде првиот чекор кон посуптилните форми на внатрешна чистота.

    Што е џала нети?

    Нети е техника која површински ги чисти синусите и воедно го стимулира телото да ги исчисти другите токсини од лимфниот систем.

    Многу луѓе ја применуваат оваа техника секојдневно за да ги одржат своите синуси чисти и да го подобрат дишењето. Откако еднаш ќе биде совладана техниката, истата делува смирувачки и пријатно. Ако вашите носни канали се блокирани како резултат на загадувањето, поленот, прашината и останатите надразнувачи, оваа техника може да биде од непроценлива корист за вас.

    Техниката џала нети се користи од страна на практикантите на јога и ајурведа во Индија илјадници години. Некои јога учители сметаат дека нети е значајна техника за чистење на енергетските канали и балансирање на левата и десната хемисфера.

    Назална хигиена

    Особено во модерениот свет кој е исполнет со загадувачи, алергени и прашина, важно е носната шуплина да биде чиста и здрава. Многу научници сметаат дека носната шуплина е вратата за многу болести. Назалните канали всушност имаат механизми на влакна и слузокожа кои имаат за цел да ги задржат надворешните фактори надвор од нашите тела. За жал, овие механизми може да станат преоптоварени поради високата изложеност на прашина и честички и факторите на загадување. Редовното чистењето на носните шуплини  овозможува тие да работат поефикасно, а со тоа нашите тела да останат здрави и силни.

    Не е изненадување дека со зголеменото присуство на хемикалии во воздухот, загадувањето, прашината, поленот, нашите ноздри се под голем стрес. Поради наведените фактори има и голем пораст на бројот на луѓе кои се мачат со различни форми на назална конгестија и респираторни болести. Модерната исхрана ја сочинува храна, која што го зголемува производството на слуз во телото а со тоа доаѓа до создавање на нерамнотежа и затнување на носните канали и синусите.

    Начин на изведба

    Во лотата се става млака вода и едно кафено лажиче морска сол, која треба добро да се раствори во водата. Лотата се зема во левата дланка и малиот отвор се става во левата ноздра. Устата во текот на техниката е отворена и се диши низ неа. Главата се наведнува напред и десно, за да може водата што протекува низ левата ноздра слободно да истече низ десната.

    Истото се повторува и од десната ноздра со втората половина од водата во садот. Кога ќе завршите, оставате водата слободно да истече од ноздрите и се чека носните шуплини добро да се исушат.

    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

    Не треба да се применува при акутни крварења од носот и до една година по пунктирање на синусите или операција на средното уво.

    *лота е садот за изведба на техниката Џала нети.

    Препораки:

    • водата треба да биде со температура на телото, а се препорачува користење на морска сол;
    • се почнува прво низ левата ноздра или низ онаа што е затната и да се чека додека не стане проточна;
    • отворот на лотата треба добро да влезе во ноздрата за да не истекува водата низ неа;
    • најдобро е да се изведува наутро, а во зимските периоди да се внимава да не се излегува веднаш на ладен воздух;
    • доволно е да се прави еднаш неделно, а при носна алергија може и секој ден.

    За подетални информации консултирајте се со јога инструктор.

    Дејства:

    • поволно делува при чести настинки, грип, главоболки, несоница, астма и други респираторни проблеми;
    • со редовно изведување се намалува сензитивноста на слузокожата на ноздрите и се намалуваат тегобите предизвикани од алергиите.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    јога хигиена лота џала нети
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleШпагети со путер и спанаќ
    Next Article Општи „правила“ при практикување на асани
    omnia.mk

    Related Posts

    Чај или кафе: Кој пијалок најмногу одговара на вашите потреби?

    07/05/2025

    „Здрави“ трендови што прават повеќе штета отколку корист

    05/05/2025

    9 пролетни детокс намирници препорачани од нутриционисти

    10/04/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.