
Јогата и медитацијата се богати со мистична симболика. Сепак, модерната јога може да се каже дека е доста комерцијализирана и ги има занемарено многу од подлабоките значења на овие древни свети симболи. Многу практиканти ги користат симболи како начин да ја изразат својата посветеност и љубов кон јогата носејќи ги на облека, како накит па дури и како тетоважи на нивните тела. Но, овие симболи не се само декорација. Познавањето и разбирањето на јога симболите е дел од патот кој води кон подлабоко познавање на јогиските филозофии, учења и митологии. Јога симболите се моќна алатка за создавање увид и подлабоко разбирање на практиката на јогата. Тие визуелно пренесуваат концепт, учење или духовна идеја што може да се користи во вашата практика на јога или медитација за да се фокусира умот и да се поттикне состојба на контемплација.
Што се јога симболите?
Симболот е графички приказ на идеја, концепт или врска. Симболите можат да создадат моќни врски помеѓу многу различни концепти и искуства за да ни овозможат да се движиме од непознатото кон познатото. Мистиците од Индија создале јога симболи за да ја подигнат свеста и да донесат подлабок увид во нечиј духовен пат и јога пракса. Затоа, тие се важни за соопштување на подлабоки вистини и за постигнување внатрешен мир и просветлување.
Како да ги користиме јога симболите?
Постојат неколку начини на кои можете да ги користите јога симболите за да ја збогатите и продлабочите вашата медитативна и јога пракса. Имањето на еден или повеќе од овие симболи во вашиот простор за живеење и вежбање може да ви помогне да стекнете високи нивоа на инспирација и духовна енергија. Можете да вметнете јога симболи во вашата гардероба, можете да носите накит или дури да најдете украси со јога симболите, за да ги ставите во вашиот дом. Самото тоа што ги имате симболите блиску до вас ќе ја зацврсти вашата пракса и ќе ја зголеми вашата концентрација, внатрешен мир и врска со Божествената. Можеби ќе сакате да поставите еден или повеќе јога симболи во вашиот простор за вежбање со специфични намери за нивно користење. Тие можат да послужат како визуелен потсетник за враќање на вашата намера секогаш кога ќе ги видите. Можете исто така да поставите и слики од симболите слики пред вас за да ги гледате додека практикувате асани или медитирате.
Чести јога симболи
Многу од следниви симболи кои често ги среќаваме не се ограничени само на јогата. Моќта на симболите е нивната универзална привлечност, така што овие симболи може да ги најдете и во многу други култури, религии и духовни практики. Мистеријата на симболите може да содржи повеќе слоеви на значење кои бараат да го вклучиме умот за размислување, проучување и контемплација за да можеме да ги разбереме.
Симболот ОМ/АУМ
Симболот Ом или Аум е најчестиот симбол во јогата и често може да го сретнете во вашето локално јога студио. Често се пее на почетокот и на крајот на часовите по јога. Јогините веруваат дека звукот или вибрациите на Ом обединуваат сè во Универзумот. Се верува дека пеењето Ом и медитирањето на симболот Ом може да го отвори вашето трето око и да ве поврзе со божествената сила на Универзумот. Овој симбол ја претставува примарна цел на јогата да ги обедини умот, телото и духот.
Трите различни звуци на Ом (А-У-М) ги претставуваат трите аспекти на хинду Тримурти: Брахма креаторот (А), Вишну поддржувачот (У) и Шива трансформаторот (М). Претставата и звукот на АУМ исто така може да се поделат на четири значења.
Долната лева крива го претставува звукот на А (аах) и првата или будна состојба на свеста. Ова е нашиот свесен ум и каде го доживуваме светот преку 5-те сетила.
Долната десна крива го претставува звукот на У (оохх) и втората состојба на свеста или сонувањето. Ние го доживуваме ова надвор од нашите физички тела во нашата активна несвесност и енергетски области.
Горната лева крива го претставува звукот на М (ммм) и третата или длабоката состојба на спиење на свеста. Ги претставува духовните сили на универзумот и поврзаноста што ја обезбедува.
Точката која се наоѓа на горниот знак ја претставува тишината по пеењето АУМ и четвртата или самади состојба на чиста свест. Ова е највисоката состојба на свеста каде што доживувате апсолутна тишина и единство со целото создание.
7-те симболи на чакрите
Чакрите претставуваат 7 енергетски центри во нашите тела. Јогите веруваат дека ако сите овие 7 енергии се во совршена хармонија, ќе бидеме мирни, духовно, ментално и физички. Еден метод за балансирање на чакрите е преку медитација на значењето што се користи во секој од симболите на чакрата. Симболите на чакрите се составени од ливчиња од лотос, триаголници, бои, кругови, санскритски букви и други симболи лоцирани по должината на ‘рбетниот столб.
Муладара или коренската чакра, има црвена боја и изгледа малку како превртен триаголник и претставува стабилност и приземјување.
Свадиштана или сакрална чакра, има портокалова боја и изгледа како полумесечина во цвет и го претставува центарот на вашата креативност.
Манипура чакра или соларниот плексус, има жолта боја и изгледа како превртена инка, влијае на вашата самодоверба. Тоа ја претставува вашата енергија и живост што ги давате во светот.
Анахата или срцевата чакра, која е зелена и изгледа како ѕвезда во лотос, се вели дека го поттикнува вашето сочувство и емпатија.
Вишуди или грлената чакра, има сина боја, изгледа како круг и триаголник во цвет и ја претставува вашата способност да зборувате и да го споделите вашето знаење со другите околу вас.
Агја (Ајна) чакра или третото око, има индиго боја, изгледа малку како триаголник во око и ја претставува вашата врска со божеството. Познато е и како „чакра на третото око“.
И на крај, Сахасрара или крунската чакра, е виолетова и изгледа како целосно расцутен цвет од лотос и е вашата божествена врска со целиот Универзум.
Има многу повеќе детали и податоци за 7-те чакри достапни за истражување во вашата духовна пракса. Можете да откриете како да го одржувате нивниот проток на енергија избалансиран и да ги отклучите сите блокирани чакри со подетално истражување на нивната симболика.
Лотосовиот цвет
Отворениот цвет на лотос претставува чистота, просветлување и нови почетоци. Прекрасниот лотос цвета на површината на застоена матна вода, а неговите корени растат длабоко во калливото дно. Лотосот ја симболизира и нашата способност да ги трансформираме големите борби и тешкотии во моќни животни лекции. Затворен цвет на лотос претставува непросветлен јогин на патот на просветлувањето. Синиот цвет на лотос симболизира свесност и мудрост. Белиот лотос ја претставува чистотата на мислата и духот. Виолетовиот лотос претставува мистицизам, а розовиот лотос е познат како светиот лотос на Буда.
Мандала
Санскритскиот збор Мандала се преведува како „круг“ и овие симетрични геометриски обрасци со шема претставуваат целина, единство и хармонија. Надворешните кругови го симболизираат единството на Универзумот и кругот на животот. Внатрешните слоеви ги претставуваат различните нивоа на човековото постоење. Мандалите се користат во визуелната медитација за фокусирање на умот, контемплација и создавање внатрешен мир.
Симболот на Ганеша
Ганеша е многу популарно хинду божество со глава на слон и човечко тело што претставува среќа, знаење и учење. Тој се повикува на почетокот на новите потфати и е познат како отстранувач на пречките. Деловите од телото на Ганеш исто така имаат различни симболички значења. На пример, неговата голема глава на слон претставува знаење, а неговото торзо значи мудрост.
Симболот Хамса (зло око)
Иако изгледа како застрашувачко зло око, овој симбол не е толку страшен како што звучи. Овој симбол се користи за заштита и одбивање на лоша енергија. Хамса е популарен симбол во многу култури и религии и претставува среќа, здравје, богатство и плодност.
Буда
Сликата на Буда е еден од најпопуларните симболи во будизмот, а се користи и во јогата. Овој симбол ја означува нашата способност да се разбудиме или просветлиме преку медитација. Буда се ослободил од световното страдање и духовното незнаење и гледањето на неговиот лик не потсетува дека и ние можеме да го сториме истото.
Шри Јантра
Јантра е геометриска шема што се користи во медитацијата за да се фокусира умот. Шри Јантра е свет геометриски симбол кој се користи илјадници години за да ја претстави енергијата, моќта и креативноста на божествената мајка. Позната е и како Шри Чакра и се смета за мајка или кралица на сите други јантри. Се верува дека штити од негативни енергии и привлекува позитивни.
Млада месечина
Хинду богот Шива често е претставен со млада месечина на главата што ја симболизира безвременоста и мајсторството. Во хиндуизмот, младата месечина е позната како Чандра, античко лунарно божество кое ја претставува плодноста. Сликата на полумесечина се користи во јогата за да го претстави распаѓањето, непостојаноста и повторното раѓање.
Тришула
Тројатичарот или Тришула е оружјето на Шива и Дурга направено од три заби. Ова го претставува светиот број три – трите состојби на создавање, одржување и уништување. Минатото, сегашноста и иднината, тело, умот и духот и енергијата на трите гуни (сатва, раџа и тамас). Во приказните за хиндуизмот, трозабецот се користи за убивање на злите демони и е симбол на моќ и авторитет.
Свиткана змија
Се вели дека исконската енергија на Кундалини лежи во мирување во мулахара чакарата е претставена како свиткана змија. Во хиндуизмот, Ананта Шеша е претставена како свиткана змија која ја симболизира бесконечноста и немерливиот број на циклуси на создавање, распаѓање и ре-креирање на Универзумот. Сликата на змија симболизира мудрост, исцелување, трансформација и регенерација. Змиите отсекогаш имале посебно место во источната култура бидејќи се сметаат за симбол на долговечноста и бесмртноста.
Тркалото Дарма
Тркалото дарма, или Дармачакра, е еден од осумте симболи на будизмот познат како Аштамангала. Кружниот раб на тркалото го симболизира совршенството на учењето на Буда и медитативните дејства на концентрација, фокус и внимание. Неговите осум краци го претставуваат осумкратниот пат кој води до просветлување.
Шива линга
Шива Линга е симбол во форма на фалус кој се користи во ритуалите на тантричката јога за да го претстави единството на машките и женските сили во секоја личност. Исто така, го претставува создавањето на Универзумот и соединувањето на Пракрити и Пуруша – двата главни енергетски поларитети на јогиската филозофија.
Гјан Мудра
Ова е најчестата мудра изведена со рацете што се користи во јога и медитација. Овој симбол изгледа како гестот „ок“ што го правиме со рацете со допирање на врвот на показалецот до врвот или основата на палецот. Показалецот ја симболизира срцевата чакра и елементот воздух, а палецот го претставува соларниот плексус и огнениот елемент. Користењето на оваа мудра додека медитирате носи внатрешен мир.
Други симболи во јогата
Постојат многу други симболи во јогата кои можете да ги истражите. Сите овие симболи имаат богата и моќна историја, затоа користете ги со почит и разбирање кога го украсувате вашето домашно студио или кога ги гледате на часовите по јога.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.