Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    среда, мај 14
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Како да започнете секојдневна јога пракса?
    Јога

    Како да започнете секојдневна јога пракса?

    omnia.mkBy omnia.mk22/03/2022Updated:13/01/2023Нема коментари4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    јога пракса, студио со простирка и девојка
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Многу луѓе имаат проблем и не знаат како да започнат со секојдневна јога пракса. Лесно е да ве обземе помислата како би вклопиле нова активност во вашиот живот и секојдневна рутина. Еве осум совети кои ќе ви помогнат полесно да започнете:

    1. Одредете си време

    Препорачливо е да одредите термин секој ден за вашата јога рутина кој би бил во исто време. Размислете и проверете ја вашата дневна рутина за да го најдете идеалното време кога можете да вежбате. Поставете си потсетници на телефонот за да ве потсетат дека е време за вашата јога пракса.

    2. Започнете со кратки вежби

    Доколку почнете со кратка пракса тоа ќе придонесе да ја постигнете целта и да вежбате секој ден. Праксата со која ќе започнете може да биде нешто едноставно како неколку почетни јога асани, неколку циклуси поздрав на сонцето, проследени со пранајама (вежби за дишење) и завршувајќи со неколку минутна медитација. За почеток не мора да поминувате часови на вашата простирка. Важно е да почнете од некаде па постепено да го зголемувате времето за вашата лична пракса. 

    3. Изберете соодветно ниво/група

    Погрижете се часовите по јога кои ќе ги посетувате да бидат соодветни на вашата моментална физичка способност. Ако почнете во група која е „понапредна“ може да се чувствувате обесхрабрени и фрустрирани. Исто така, размислете дали ви требаат повеќе насоки од она што се нуди на групните часовиви. Многу учители овозможуваат приватни часови за да можат полесно да соработуваат со своите практиканти и за да се осигураат дека ги добиваат соодветните инструкции.

    4. Најдете учител кој ве инспирира

    Најдете учител чиј стил на предавање резонира со вас и чии часови се доволно предизвикувачки за да ве поттикнат да работите на себе. Прашајте ги пријателите или членовите на семејството кој е нивниот омилен инструктор по јога. Ако немате пристап до учител, не можете да најдете соодветен или сакате да вежбате сами, има многу различни и добри онлајн видеа и часови за јога.

    5. Чувствувајте се пријатно додека вежбате

    Не грижете се толку многу за тоа дали асана што ја работите „изгледа“ добро. Повеќе обрнете внимание на како се чувствувате и како се чувствува телото додека сте во асаната. Некои денови можеби ќе сакате да го започнете утрото со неколку поздрави на сонцето. Други денови може ќе ви е потребно само да седнете во медитавна положба и да се фокусирате на дишењето. Правете го она што има смисла за вас. 

    6. Пренесете ја праксата и надвор од простирката

    Можете да започнете секојдневна пракса било каде, во секое време, едноставно со одвојување на момент внимателно да слушате што се случува внатре и околу вас. Запомнете дека јогата не е секогаш физичка. Всушност, многу форми на јога ја нагласуваат менталната дисциплина и самосвеста. Кога сте во сообраќај, одвојте неколку моменти за да се фокусирате на дишењето. Кога одите до маркет пробајте да ги забележите чувствата во вашите стапала, ветерот или воздухот врз вашата кожа, допирот на тротоарот под вашите стапала. Дишете длабоко и внесете свест во вашето тело. 

    7. Бидете трпеливи 

    Може да дојде момент кога ќе се „борите“ да останете доследни на вашата практика. Ова се случува затоа што учите повеќе отколку што сте очекувале. Кога тоа ќе се случи, запомнете дека трпението е клучно. Продолжете да се потсетувате зошто на прво место решивте да почнете со редовната јога пракса. Како и сè друго, искуството и придобивките од јогата и медитацијата се продлабочуваат со пракса.

    8. Бидете истрајни

    Најважното нешто што треба да го имате на ум е дека конзистентноста е од суштинско значење ако сакате да видите резултати. Најдобар начин да ја одржите конзистентноста е  јога праксата да стане дел од вашиот животен стил. Одредете време во кое ќе имате јога или медитативна пракса. И нормално ако пропуштите еден ден, не се критикувајте. Едноставно продолжете од каде што сте застанале. Сè додека продолжувате редовно да вежбате, со текот на времето ќе се подобрувате.

    јога јога пракса медитација пракса садана
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleЗошто да практикувате јога секојдневно?
    Next Article Значење и употреба на јога симболи
    omnia.mk

    Related Posts

    Како да се ослободиш од негативни мисли и емоции?

    20/09/2024

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.