Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Како јогата го подобрува фокусот кај децата?
    Јога

    Како јогата го подобрува фокусот кај децата?

    omnia.mkBy omnia.mk24/07/2018Updated:06/02/2023Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    јога за деца
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Децата имаат подеднакво корист од јогата колку и возрасните. Како што децата поминуваат низ процесот на растење, нивните тела се менуваат и се соочуваат со промени. Јога за деца е посебен „вид“ на јога која може да им помогне да ги разберат деловите и движењата на телото. Таа им овозможува поголема флексибилност,  зголемени моторни вештини и свесност за телото.

    Дали децата може да вежбаат јога?

    Мозокот на малите деца треба да биде предизвикан и да работи, со цел да се фокусира и да биде способен правилно да учи. Десната страна на мозокот, поврзана со интуитивно, просторно размислување, управува со левата страна на телото. Левата страна на мозокот, поврзана со логично, аналитичко размислување, владее со десната страна. На двете страни им е потребна подеднакво внимание и развивање. Кога обете страни се обединети, се одвива релаксација и концентрација. За да се обезбеди унификација помеѓу интуицијата и интелектот кај детето, треба да се развиваат уметничките предмети, како што се уметност и танц, паралелно со математика и науката. Како резултат на тоа, јога за деца преку техниките за релаксација помагаат во рамнотежа, а техниките за дишење го освежуваат мозокот. Овие техники за концентрација помагаат фантазијата слободно да се развива.

    Редовната практика на јогата кај децата е поврзана со подобрени перформанси на училиште, подобро однесување, поголема физичка кондиција и подобро здравје.

    Јога за деца: Колку често и колку долго?

    Некои генерални правила во врска со јога за деца се деа децата под 6 години, би требало да вежбаат до 15 минути јога, додека децата над 6 годишна возраст може да практикуваат подолго, а нивната сесија да трае и цел час. Преку дисциплина и фокус кај децата се поттикнува концентрација. Положбите со рамнотежа го зголемуваат фокусот и овозможуваат појасен ум. Овие вештини го олеснуваат учењето на децата во и надвор од училиштето. Вежбањето јога може да им помогне на децата подобро да се подготват за тестови.

    Кога децата се концентрираат на нивното дишење или чувството на истегнување на нозете, свесноста за истото ги учи да ги држат своите умови сконцентрирани на едно нешто, наместо да дозволат да им талкаат. Оваа дополнителна самоконтрола често може да се пренесе во училницата.

    Јогата и АДХД

    Вежбањетo јога, исто така, може да ги подобри менталните и моторните способности кај децата . Јога за деца може да се употребува како комплементарна и алтернативна медицина при третман на деца на кои им е дијагностициран синдром на недостаток на внимание и хиперактивност. Редовната практика на јога и медитација покажа дека го подобрува детското однесување, самодовербата, квалитетот на спиењето и нивото на анксиозност. Ова често овозможува зголемена концентрација и помалку конфликти во училиштето.

    Придобивките од јогата на простирката и надвор од неа се видливи без оглед на возраста. За да помогнете во промовирање на добросостојбата и хармоничниот развој, поттикнете ги децата да практикуваат јога.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    деца јога јога за деца фокус
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleКус кус со печурки и спанаќ
    Next Article Пранајама техника – брамари
    omnia.mk

    Related Posts

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Болка во зглобовите при јога? 11 совети за спречување на болки во зглобовите

    05/02/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.