Криминалот (и последиците од истиот, за сторителот и за жртвата) е емотивно и комплицирано прашање. Прашањата околу правдата, казните, поддржување на жртвите и постапувањето со вршителите на кримнал се можеби некои од најважните што ги поставуваме како општество. Притоа, никој не може да тврди дека има совршено решение.
Истражувањата за причините и влијанието на криминалот утврдуваат дека превенцијата преку програми за социјална поддршка и рехабилитација се најекономичните и најефикасните начини за намалување на криминалот на долг рок.
За жал, овие тактики бараат години работа и значителни инвестиции. Jавноста не е секогаш приемчива за акции што може да се толкуваат како „меки“ или неефективни.
Јогата во затворите како дел од рехабилитација
Oние кои се директно погодени од криминал може да бидат лишени од својот имот, да доживеат значителна траума, па дури и да изгубат некој близок поради дејствијата на сторителот. Па затоа е разбирливо дека честопати нашиот прв инстинкт е да го казниме сторителот.
Меѓутоа, колку повеќе ги разбираме факторите што придонесуваат за криминалот, толку повеќе можеме да сфатиме дека криминалот иако никогаш не е оправдан, често може да се објасни. Најчести фактори што придонесуваат кон криминал се злоупотреба во детството, зависности и сиромаштијата.
Преку тековните истражувања, токму овие објаснувања можат да ни помогнат ефикасно да се справиме и идеално да го спречиме криминалот. Во општество каде што ги почитуваме човековите права, имаме должност да се грижиме за луѓето што ги затвораме. Треба да се трудиме да им овозможиме да го напуштат затворот во рехабилитирани.
Иако е мал дел од пошироката слика, практикување јога во затворите е добра тактика за да се помогне во намалувањето на стапките на рецидивизам и подобрување на односите во затворската средина.
Јогата може да помогне во создавање подобри резултати за затворениците лично и за општеството како целина. Таа би им помогнала на затворениците подобро да се справат со траумите од минатото, да се излечат од зависности и да ја зголемат нивната емоционална интелигенција.
Најчести причини зошто луѓето завршуваат во затвори
Криминалното однесување ретко се случува спонтано. Иако не постои еден фактор или комбинација на фактори што влијаат на тоа некој да заврши во затвор, постојат многу влијанија и причини кои ја прават таа ситуација поверојатна да се случи. А туку ја вклучуваме и дискриминација во рамките на правосудниот систем.
Како најчести причини се сметаат сиромаштијата, зависноста, расната дискриминација и менталното здравје.
Практикување јога во затворите
1. Го намалува опсесивно-компулзивното и параноичното размислување
Истражување водено на Универзитет во Шведска покажа дека 10 недели редовна јога пракса може да доведе до значително намалување на опсесивно-компулсивно и параноично размислување.
Истражувачите велат дека тоа може да придонесе да не се повтори делото. Исто така, јогата помага да се намалат физичките симптоми предизвикани од стрес, вклучувајќи проблеми со дишењето и стомачни тегоби. Овие придобивки се однесуваат само за јогата, а не за вежбање општо.
2. Ја подобрува благосостојбата и ја намалува агресијата
Друго истражување во затворите во Шведска покажа дека јогата го ублажува стресот. Истовремено ја подобрува концентрацијата, квалитетот на спиењето, психолошката благосостојба и емоционалната состојба. Истражувачите забележале и намалување на агресијата и асоцијалното однесување кај затворениците.
3. Го намалува рецидивизмот
Иако треба да има повеќе истражувања, се чини дека јогата ги подобрува клучните варијабли поврзани со извршување кривични дела како што се импулсивноста и агресијата.
4. Ги регулира емоциите
Во 2019 година, истражување од Австралија покажа дека затворениците кои учествуваат во програма за јога покажале дека подобро се справуваат со емоциите. Тие исто така пријавиле дека помалку чувствуваат анксиозност, стрес и депресија.
Зошто е важно да се практикува јога во затворите?
Голем дел од затворската популација доаѓа од средини со висок процент на насилство во семејството или околината. Во овие случаи, влијанието на јогата врз лечење на траумите може да биде клучен елемент за позитивни промени.
Траумата во детството го зголемува ризикот за вршење криминал. Недостатокот на семејна поддршка може да ја наруши базата на сигурност и стабилност. Основата од која луѓето треба да го истражуваат светот. Тоа придонесува овие лица да имаат помала емоционална и финансиска стабилност во животот.
Исто така, се теоризира дека фактори како што се рана повреда на мозокот, социоекономска состојба и искуства од детството можат директно да влијаат на нашата веројатност да извршиме злосторство – особено кога негативните влијанија се групираат заедно.
На пример, една личност може по природа да биде поимпулсивна или да има помалку емпатија. Но, ништо од тоа не ја прави личноста „лоша“.
Но, кога се комбинира со сведочење на насилство во домот – трауматично искуство од детството што создава постојан страв – може да ја намали реактивноста на тоа дете на насилство како механизам за преживување.
Како помага јога во затворите?
Јогата се поврзува со позитивни промени во мозокот (заедно со промените во ендокриниот систем и нивоата на невротрансмитери во мозокот), кои би можеле да ги подобрат симптомите на проблеми со менталното здравје како што се анксиозност, депресија и пострауматски синдром.
Јогата може да им понуди на луѓето можност да останат смирени во често стресна средина и да им помогне да изгради самодоверба и доверба.
Истражувањата сугерираат дека криминалот, иако е комплициран, генерално не го вршат среќни, сталожени и самоуверени луѓе, туку оние кои имале проблематично минато, кои се под силен социо-економски притисок и кои доживуваат постојана емоционална болка.
Иако не може да се справи со секој проблем, јогата во затворите може да им овозможи на затворениците да го започнат патување кон исцелување кое ќе им користи и на нив и на општеството во кое сите живееме.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.