Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    среда, мај 14
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Јогата и дишењето
    Јога

    Јогата и дишењето

    omnia.mkBy omnia.mk28/01/2020Updated:18/01/2023Нема коментари2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    дишење
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Јогата и дишењето се испреплетени. Доколку не научите правилно да дишете, нема целосно да ги искусите придобивките од јогата.

    Различните видови на јога, повикуваат на различни видови на дишење, па затоа е важно од почетокот да се напомене дека нема еден универазален начин на дишење во јога праксата. Ако целта на вашата јога пракса е целосно опуштање, тогаш дишењето треба да биде длабоко и бавно. Долгите, длабоки вдишувања и издишувања имаат за цел да го забават срцевиот ритам и да ви овозможат целосно опуштање.

    Еве неколку совети:

    Дијафрагмата е место од каде што „започнува“ дишењето во јогата и во секојдневниот живот. Кога вдишувате стомакот се подигнува затоа што дијафрагмата се полни со воздух. Кога издишувате стомакот се спушта затоа што дијафрагмата се испразнува. Кога дишете бидете сигурни дека стомакот се движи и дека не го ограничувате ова движење на било кој начин.

    Важно е да го опуштите секој мускул во вашето тело, градите, лицето, вратот, рамената дури и вилицата за да имате корист од релаксирачкото дишење. Еден начин да го направите ова е да го стегнете делот од телото во прашање и потоа целосно да го отпуштите. Можеби не сте ни свесни дека мускулите ви се стегнати сè додека не пробате да ги контрахирате.

    Внимавајте секое вдишување и издишување да ви биде непрекинато и лесно за време на јога праксата. Секој диши во свој природен ритам и развивањето на свесноста за дишењето не значи контролирање во било која смисла. Препуштете се на вашиот природен тек на дишењето.

    Брзото дишење е природна реакција на стрес или возбуда. Следствено на тоа, релаксирачкото дишење во јогата го потенцира издишувањето. Вдишувањето е природно, додека издишувањето е малку подолго од вдишувањето со целосно испразнување на дијафрагмата и белите дробови.

    Кога дишете почуствувајте го кислородот во белите дробови и визуализирајте како стигнува насекаде, до крајот на екстремитетите. Почуствувајте како целото тело се опушта.

    Кога ќе научите како да дишите ќе откриете дека тоа доаѓа природно во вашата јога пракса и со текот на времето ќе стане природно и во секојдневниот живот.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    дијафрагма дишење јога релаксирање
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleКрија јога
    Next Article Чести грешки и заблуди за јогата
    omnia.mk

    Related Posts

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Болка во зглобовите при јога? 11 совети за спречување на болки во зглобовите

    05/02/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.