Долгите и стабилни јин положби даваат добредојден контраст на подинамичните јанг положби кои се многу популарни во западните земји. Лек за нашиот брз начин на живот е јин јога практиката која ги поттикнува луѓето да забават, нурнувајќи во смиреноста што може да доведе до ширење на свеста.
Денешната јин јога е под големо влијание на филозофиите на традиционалната кинеска медицина (ТКМ), каде се верува дека телото содржи невидливи енергетски патишта наречени меридијани кои ја носат Чи енергијата. Се вели дека физичките положби на јин јогата влијаат на овие меридијански линии за подобрување на здравјето и благосостојбата.
Западната наука исто така го открива влијанието на јин јогата на физичко и психолошко ниво. Јин создава простор за активирање на парасимпатичкиот нервен систем и подолгите задржувања во положбите влијаат врз подлабоките слоеви на мускулите (за разлика од подинамичните движења или јанг движењата каде што се работи на површинските слоеви на мускулите). Кога се активираат овие слоеви, создаваме услови за ослободување на длабоко задржаната тензија во телото и умот.
Еволуцијата на Јин јогата
Претставувањето на јин јогата на Западот се случи во 1970-тите, а за тоа е заслужен јогинот и шампион во боречки вештини Поли Зинк. Корените на јин јогата на Зинк се во Таоистичката јога, каде што јога положбите т.е асани се задржуваат подолго време. Сегашниот стил на јин јогата, сепак беше популаризиран од страна на Пол Грили и Сара Пауерс, кои во практиката на јин јогата ја внесоа традиционалната кинеска медицина и анатомската наука.
Јин и традиционалната кинеска медицина
Традиционалната кинеска медицина е систем во кој лекарите користат лекови од билки, акупунктура и таи – чи, за лекување на здравствени проблеми и подобрување на благосостојбата. Според кинеската медицина се вели дека меридијаните се канали низ телото што го насочуваат протокот на Чи преку меѓусебно поврзана мрежа која создава комплетно енергетско коло. Чи може да биде слаба, силна, балансирана или не балансирана, а тоа влијае на нашето физичко и емоционално здравје.
Ако меридијаната во пределот на стомакот е блокирана, можеме да се чувствуваме нервозни, несигурни или разочарани. Ако меридијаната на црниот дроб е во нерамнотежа, тогаш тоа се манифестира како лутина и чувство на безнадежност.
Според овие филозофии, нема разлика меѓу нашето физичко и емоционално здравје – тие се меѓусебно поврзани. Оттука, здравјето на внатрешните органи има директно влијание врз нашите емоции и обратно.
Кога ќе се комбинираат традиционалните кинески филозофии и јога асаните, се открива дека одредени положби на јогата можат да влијаат на меридијаните и на начинот на кој Чи тече низ нив. Одредени јин положби имаат поголемо влијание врз одредени меридијани. Пример, положбата „пеперутка“ има силно влијание на меридијанот на бубрезите и меридијанот на мочниот меур. Положбата „жаба“ влијае на слезината и го поддржува нашиот креативен потенцијал.
Анатомијата на Јин
Долниот дел на телото како и внатрешните ткива се повеќе поврзани со јин, отколку горниот дел на телото или надворешните ткива како што се мускулите. Грижата за внатрешните ткива најдобро се постигнува кога мускулите се опуштени и кога положбите се задржуваат подолго време.
Едно од овие внатрешни ткива и збор што често го слушаме поврзан со јин е фасцијата. Фасција (fascia) е сребрено-бело, флексибилна и подеднако цврста – супстанца која го опкружува и продира секој мускул, ги обложува сите врски, го покрива секој орган и го обвива секој нерв.
Најаважно е да се има на ум дека фасцијалната мрежа е една континуирана структура низ телото. Тоа всушност значи дека сè е поврзано, а со тоа и дека терминот „сврзно ткиво“ често се користи наизменично со „фасција“.
Доколку престанеме да движиме одредени делови од телото во одредени насоки, тогаш фасцијата почнува да дехидрира, да се зацврстува и констригира. Замислете кујнски сунѓер оставен сув неколку денови. Тој ја губи флексибилноста и станува тврд. Јин јогата ја продолжува фасцијата, ослободувајќи ги заглавените точки и дозволувајќи му на ткивото да се рехидрира и повторно да „свети“.
На фасцијата и се потребни најмалку 120 секунди постојан притисок за да почне да се менува. Ова е причината зошто задржувањето во јин положбите, всушност ја продолжува фасцијата.
Положбите во јин јогата, исто така ги користат линиите на меридијаните, отворајќи ја целата должина на меридијанот и носејќи светлина (Чи) на овие темни дамки во телото. Неодамнешните истражувања потврдија дека 80% од меридијанските точки во рацете одговараат на фасцијалните рамнини, што укажуваат на врската меѓу овие источно – западни филозофии.
Многу важно е ремоделирањето на ова сврзно ткиво преку посветено практикување на јин јога, за да се спротивставиме на ефектот од одржувањето на нашето тело во секојдневниот живот.
Јин и нервниот систем
Многу од физичките активности кои ги практикуваме го активираат симпатичкиот нервен систем што неизбежно доведува до гнев, агресија и конкурентност. За разлика од физичките активности кои ја забрзуваат работата на срцето, јин јогата овозможува активирање на парасимпатичкиот нервен систем кој ни помага да се релаксираме, ја забавува работата на срцето и ја подобрува работата на дигестивниот систем.
Доколку вистински практикувате јога, тогаш треба да чувствувате љубов, среќа и сигурност и за време на праксата, не само да бидете релаксирани по вежбањето. За да ја генерирате јогата на физичко ниво преку подобрување на протокот на крвта, без да го зголемувате срцевиот ритам, не само што е возможно туку тоа е и суштината на Хата јогата.
Јин јогата ни овозможува да бидеме смирени. Обезбедува баланс со сите јанг или динамични активности во нашиот живот и ни нуди можност да достигнеме подлабоки нивоа на одмор, што не отвораат до повисока свесност.
Јин и умот
„Расположението“ на јин јогата е само – прифаќање, сочувство и едноставно присуство во моментот, наместо став или стремеж да се подобриме или да се критикуваме за било кои тешкотии што можат да се појават. Наместо тоа, практиката станува еден вид на медитација, во која може да се набљудуваат менталните навики и стекнатите начини на реагирање. Со практикување на јин јога се создава „простор за задржување“ за да ја практикуваме свесноста или некои други медитативни техники со кои ќе ги набљудуваме внатрешните и надворешните искуства како што се јавуваат.
Како што и источната и западната наука откриваат, кога се релаксираме во Јин јога, започнуваме да ги лекуваме длабоките тензии во телото и да ги менуваме обрасците кои го оставаат нашето тело ограничено што влијае врз нашето емотивно здравје. Додека напредуваме низ овие физички, емоционални и духовни слоеви, лесно може да ја следиме можноста за проширување на нашата свест.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.