Дрвјата и шумите се навистина значајни за продолжување на животот на различни суштества, вклучувајќи ги и луѓето. Затоа прашањето за зачувување на животната средина е суштинско во светски рамки и секако има уште многу да се направи.
Покрај живите суштества, дрвјата и шумите имаат прекрасни енергии. Овие енергии може да се почувствуваат на многу начини. Некои дрвја имаат дури и лековита енергија, како што се врбата и борот.
Важноста на шумите и дрвјата за планетата
За важноста на шумите и дрвјата не би требало да зборуваме многу, бидејќи тоа би требало да ни е јасно на сите. Вистината е дека, иако голем дел од населението го сфаќа концептот за важноста на дрвјата интелектуално, на друга група луѓе не им е грижа. Тоа е несреќна ситуација, но улогата на сите нас е да го одработиме својот дел на најдобар можен начин.
Дрвјата и шумите се диктатори на климата и исто така се примарни чувари на нашите води. Без нивното присуство, изворите не би опстанале, а не би преживеале ниту живите суштества, вклучувајќи ги и луѓето.
Значењето на шумите е огромно и за здравјето на сите суштества. Зачувувањето на животната средина е особено корисно бидејќи неурамнотежената клима може да донесе непријатности и здравствени последици за целата популација, како за луѓето така и за останатите жители на планетата. Се поставува и прашањето за употреба на лекови кои се создадени од растенијата и дрвјата, кои придонесуваат за здравјето. Уништувањето на околината може да влијае и на нашата способност да се лекуваме.
Почитување на природните ресурси
Во однос на социјалните аспекти, природните ресурси, како што се водата, храната итн. доаѓаат од нашата околина и се заеднички затоа што се ресурси што ги споделуваме со другите суштества на целата планета. Тие не припаѓаат поединечно на никој од нас.
Затоа, игнорирањето на потребата за зачувување и реструктуирање на природата е како преземање чекори напред кон уништување на нашата цивилизација.
Подобрување на здравјето преку енергиите од шумите и дрвјата
За оние кои веруваат во потенцијалот што постои во контакт со природата, едноставниот чин на помирисување зеленчук или гушкање дрво може да биде лековит. Многу дрвја (ако не и сите) имаат лековити ефекти.
Бидејќи дрвјата се полни со енергија, како и нас луѓето, тие можат да влијаат на нашата лична енергија. Ако во скоро време сте посетиле некои дрвја и шуми, сигурно сте се чувствувале многу подобро отколку во вашиот дом во градот.
Борова шума
Енергијата што го опкружува борот има многу виталност и делува позитивно врз менталниот и физичкиот замор. Ова дрво може да помогне за долг живот, ја храни крвта и му дава сила на нервниот систем. Од него доаѓа најдоброто есенцијално масло против респираторни проблеми.
Врба
Дали знаевте дека пиењето чај од врба може да го намали притисокот? Исто така има антиинфламаторно дејство и делува како регулатор на влажноста на телото.
Ела
Кога ќе влезете во енергетска врска со ова дрво, имате добри шанси да ја подобрите структурата на коските. Ако имате отечен дел од телото, тоа може да помогне да се намали отокот.
Ако имате некое од овие дрвја и шуми во близина, знајте дека имате голема привилегија. Се разбира, секогаш кога можете, поминете време во нивна близина за да ја почувствувате нивната моќ.
Јапонската традиција на „шумско капење“ (Шинрин-јоку)
Во Јапонија, процесот на длабоко поврзување со природата, доживувајќи ја низ сите сетила, се нарекува Шинрин-јоку, што се преведува како „шумско капење“. Шумското капење како техника е начин да ги зголемиме нашите врски со природата. Оваа техника била развиена во Јапонија во 1982 година, на иницијатива на јапонската владина агенција за шуми, која се обиде да ги охрабри луѓето да го напуштат домот и да поминуваат повеќе време во природа.
Ефектите на Шинрин-јоку врз телото и умот се проучувани откако е развиена техниката во раните 1980-ти. Резултатите покажуваат намален кортизол, примарен хормон што предизвикува стрес и намалување на крвниот притисок. Покрај тоа, практиката придонесува за подобрена концентрација, зголемен имунитет и зајакнат метаболизам, меѓу другите емоционално позитивни ефекти.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.