Емпатија е способноста да се разбере како некој друг се чувствува. Луѓето што ја чувствуваат емпатијата поинтензивно од останатите, ги нарекуваме емпати. Тие се како емоционални сунѓери, ги апсорбираат стресот и позитивните емоции од другите луѓе, во сопствените тела. Да се биде емпат не значи само да се сочувствува со другите. На многу начини, емпатите ги немаат потребните филтри што другите луѓе ги имаат. Тие ги доживуваат емоциите интензивно и им пречат силни мириси, бучава и прекумерно зборување. Емпатите за кратко време и лесно се исцрпуваат во гужви и социјални ситуации.
Емпатите имаат силна интуиција, навистина се грижат за другите луѓе и длабоко сочувствуваат со нив. Тие често даваат премногу и понекогаш ја преживуваат болката што ја чувствуваат најблиските. За да се одморат, најчесто на емпатите им е потребно да бидат сами. Понекогаш имаат потреба да спијат сами, што може да биде непријатно доколку имаат партнер. Блискоста во врската може да го исцрпи емпатот, иако намерата на партнерот е добра.
Понекогаш е тешко за луѓето да ја разберат потребата на емпатите да бидат сами. Ова е една од причините зошто емаптите се често погрешно дијагностицирани како депресивни или анксиозни. Тие може да бидат депресивни и анксиозни, но тоа може да е резултат на начинот на кој тие се принудени да го живеат својот живот.
По години поминати слушајќи ги другите луѓе како им велат дека се „премногу чувствителни“, емпатите многу често доаѓаат до заклучок дека нешто не е во ред со нив, додека всушност тие имаат посебна дарба. Ако емпатите не се свесни за тоа кои се, секојдневните интеракции што другите ги сметаат за нормални, ним може да им наштетат.
Поставување граници
Поставувањето граници се вистинска борба за емпатите од причина што тие секогаш сакаат да ги задоволат другите и да не разочараат никого. За жал, ова значи дека емаптите можат да бидат искористени од манипулативни луѓе. Нарцисите и емпатите се привлекуваат едни со други. Нарцисите во емпатите гледаат некој кој можат да го користат, додека емпатите во нарцисите гледаат некој на кого можат да му помогнат и да го поправат. Емпатите треба да научат да кажуваат „НЕ“.
Емпатите треба да знаат дека тоа што го поседуваат е убаво и неопходно во светот денес. И иако ќе се соочуваат со големи предизвици, треба да го прифатат и да уживаат во својот дар.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.