Доста често во последно време слушаме за јумеихо терапија и за придобивките од истата. На оваа тема разговаравме со Анастасија Петковска, јумеихо терапевт.
Што е Јумеихо терапија ?
А: Јумеихо терапијата е јапонска лековита и мануелна масажа за подобрување на физичкиот и психичкиот баланс и ослободување на болките од телото. Се применува рачно и вклучува околу 100-тина потези кои се изведуваат на целото тело на пациентот.
Oваа терапија вклучува манипулација на техниките и пасивна гимнастика, пресурни терапевски процедури, елементи на истегнување и издолжување, корекција и балансирање на методи на ставата, одење и позиции на одмор, оптимални вежби за биомеханичкиот и локомоторниот систем.
Целиот процес се одвива во лежечка состојба, додека пациентот е облечен во комфорна облека. Со стимулации на акупресурните точки се ослободуваат „блокадите” на енергија во телото.
Од каде потекнува јумеихо?
А: Јумеихо терапијата е создадена во 1978 година како резултат на примената на античките сознанија од Кина и Јапонија од страна на сенсеи Масајуки Сајонџи. Во период од шест години, тој изучувал разни традиционални методи (Туи-на, Женг Ти Фа, Ан-Ма, Шиатсу, До Ин, Сеитаи-хо итн.). Во 1987 година го основал „Меѓународниот институт за практична превентивна медицина во Токио”, чиј директор бил до неговата смрт, во 2005 година. Воедно, дипломите кои јас ги поседувам се директно од горенаведениот институт и се признати во цел свет.
Почнувајќи од 1989 година, сенсеи Масајуки бил поканет во различни земји од целиот свет да ја претстави својата терапија. Овие посети биле организирани главно од групи и организации на есперанто. Првата неговата посета надвор од границите на Јапонија била во Полска, каде што и го држел првиот курс за терапија на Јумеихо, во септември 1989 година во градот Жешов.
Помеѓу 1989 и 2004 година тој патувал во повеќе од 40 земји поради популаризирање на терапијата со Yumeiho, при кои патувања држел обуки на практичари надвор од јапонските граници. До 2004 година терапијата Yumeiho се проширила во 73 земји, центри за обука, како и професионални организации, многу од нив земји, каде што Масајуки патувал.
Јумеихо терапијата во Македонија е популаризирана од страна на мојот учител сенсеи Христо Хаџикимов, кој бил обучен во Бугарија и Јапонија, a денес е репрезентативец на нашата земја.
Кои се придобивките од јумеихо терапијата?
А: Придобивките од јумеихо се огромни. Терапијата прави корекција на карлицата и дисковите на ‘рбетот, ги намалува болките во грбот, зглобовите, вратот и колковите. Ги ублажува болките од сколиоза, ишијас, спондилоза, помага при менструални болки и нерегуларни циклуси, дава чувство на свежина и топлина во целото тело. Го подобрува крвоток, го забрзува метаболизамот и го подобрува имунитет. Ја зголемува флексибилност на телото, го проширува просторот меѓу дисковите со што се зголемува висината (што е многу важно за децата), го подобрува физичкиот изглед и психичкото здравје.
За кого се препорачува јумеихо терапија?
А: Оваа масажа се препорачува за луѓе кои имаат болки и вкочанетост во мускулите и зглобовите, за жените при нерегуларни циклуси и за спортисти кои постојано се соочуваат со истегнување на мускулите, преголемо оптеретување на истите како и несакани повреди при вежбање.
Масажата е традиционален склоп на техники од мајсторите од Јапонија и Кина па така јас ја препорачувам на секој кој сака да биде здрав, флексибилен и полн со елан за живот. Едно предупредување е дека оваа масажа не се препорачува за луѓе со остеопороза!
Кои се твоите почетоци со јумеихо и од каде доаѓа желбата да станеш јумеихо терапевт?
А: Го одбрав овој метод за одржување на здраво и флексибилно тело како моја професија пред три години. Ова беше најголема одлука и најголем предизвик за мене, затоа што уште од почетокот бев свесна дека индивидуално ќе треба да се борам за финансиски опстанок. Од секогаш сум сакала да се грижам за луѓето и мојата професија да биде корисна не само за мене туку и за клиентите. Оваа работа ми овозможува да живеам во спокој знаејќи дека секојдневно им помагам на луѓето да се ослободат од стресот и болките во телото.
Желбата за Јумеихо терапија ми се појави кога имав мала повреда на грбот и за прв пат закажав термин и ја пробав масажата. Најмногу ми се допадна тоа што се масира на облека, па решив да се консултирам со учителот и да ме упати од каде да почнам. Така се насочив кон јумеихо без многу двоумење и сум пресреќна што никој не ми го попречи патот кон остварување на мојот сон а тоа беше да го учам и работам тоа што ми претставува спокој во душата.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.