Докажано е дека „шумското капење“ е добро за вашиот ум, тело и душа – но што е тоа точно и како да го направите?
Сите знаеме дека поминување време во природа е добро за нашето тело и ум. Од свежиот воздух, нежните звуци на природата, до чувството на сончевата светлина на нашата кожа, времето поминато на отворено може да придонесе да се чувствуваме свежи, релаксирани и подмладени.
Ако сакате пешачење, трчање или возење велосипед во природа зошто тогаш да не ја продлабочите вашата конекција со природата уште повеќе? Одвојте време да ја искусите околината преку сите сетила и може ќе ја најдете удобноста во тишината.
Уметноста на забавување во природата има име -„шумско капење“ или шинрин јоку, како што го нарекуваат во Јапонија, е практика што се развила во 80-тите години на минатиот век. Шинрин јоку, што буквално се преведува како „капење во шумската атмосфера“, ги охрабрува луѓето буквално да се вратат во природата. Оваа практика била воведена во време кога урбанизацијата (и нејзините придружни заболувања) се зголемувале. Уште повеќе, јапонските лекари ги проучувале физиолошките ефекти на шинрин јоку и откриле дека времето поминато во шума не било едноставно плацебо – имало вистински, мерливи здравствени подобрувања.
Практиката на „шумско капење“ и нејзините придобивки сега се широко признаени и во западниот свет каде што сè повеќе луѓе ги откриваат нејзините радости.
Што е шумско капење?
Практиката на „шумско капење“ едноставно претставува поминување време во шума или било каде во природа. Но, не се однесува на џогирање или трчање низ шумата. Дури не мора ни да се оди. Едноставно, одморање во шумата и доживување преку сите сетила – вид, мирис, допир, вкус и звук. Ова ви овозможува да се разбудите во околината и во вас. Отворање на сетилата е клучот за смирување на умот и формирање на симбиотска врска со природниот свет што е важна во шумското капење.
Кога доживуваме преку нашите сетила, не размислуваме за утре или за минатото. Кога ќе ги извадите луѓето од главата на овој начин и ќе забавите, тоа е речиси како да влегувате во лиминален простор. Ги оставаме нашите обични животи за момент и можеме да ги „фрлиме“ сите маските што ги носиме во секојдневниот живот – одеднаш, не мора да бидеме мајка, не треба да бидеме шеф, не мора да бидеме медицинска сестра. И сето тоа затоа што се прилагодуваме на сензорната свест за тоа што е околу нас.
Како да го практикуваме шумското капење?
Како луѓе сме условени да бидеме зафатени, што дури и шетањето или пешачењето го имаме организирано од точка А до точка Б. На почеток, едноставното седење или движење „бесцелно“ низ шумата може да биде чудно, па дури и непријатно. Но, тоа е нешто што длабоко во нас знаеме дека е добро.
Добро е, за почеток да се има водич, некој кој ќе ви покаже како правилно да го искусите шумското капење. Сепак, терапевтот е шумата, а водичот само ја отвора вратата. Шумското капење е пракса која што почесто ја практикувате, толку подобра станува вашата конекцијата со природатата. Секој пат може да забележите различни работи, не само надворешно туку и внатрешно.
Неколку чекори или совети за продлабочување на врската со шумата e да ги забележите звуците и мирисите што ве опкружуваат, да видите што може да вкусите и допрете. Да ја забележите природата преку сите сетила. Да забележите сè што се движи околу вас и во вас. Да го насочите вниманието на секој чекор.
Придобивки од шумско капење
Шумското капење може да придонесе за намалување на анксиозноста, релаксација, намалување на стресот, како и физиолошки промени.
Всушност, едно истражување за физиолошките ефекти на шумското капење покажало дека поминување време во шумски средини придонесува за помала концентрација на кортизол, намалување на крвен притисок, поголема активност на парасимпатичниот нерв и помала активност на симпатичкиот нерв.
Пробајте да одвоите барем еден час од денот секогаш кога ќе имате можност, за да ги почувствувате благодетите на шумското капење.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.