Во последните години многу често се зборува за емпатија и што значи да се биде емпат. Пишуваме за емпатија, дискутираме како да ја дефинираме, обработиме, идентификуваме, како да живееме со неа и како да ја разбереме. Која е вистинската цел на емпатијата во однос на нашата хуманост?
Оние кои ја проучуваат емпатијата велат дека таа е дел од човековата природа, односно ја имаме што би се рекло „од раѓање“, но исто така и дека ја негуваме во текот на животот. Способноста да се разбере што чувствува некој друг и потоа да се понуди помош и поддршка е вештина што многумина од нас ја подобруваат во текот на животот.
Како деца истовремено гледаме примери на голема емпатија, и шокантна апатија од луѓето кои не опкружуваат. Така почнуваме и да ја препознаваме разликате помеѓу луѓето кои се грижат и оние кои не се грижат. Оние кои имаат разбирање за нашите потреби и оние кои целосно ги игнорираат нашите чувства. Некои се родени особено сензибилни и ја чувствуваат секоја емоција преку енергијата што опкружува сè. Па затоа често бараат утеха на мирни места, далеку од конфликти и гласни расправии и луѓе. Другите кои се помалку чувствителни можеби уживат да се расправаат и да ги критикуваат сите околу нив. Но, тие исто така, може да научат како да бидат по емпатични низ искуствата што ќе им ги пружи животот.
Емпатијата ја одржува нашата хуманост во живот. Таа е способноста да се грижиме и да се разбираме еден со друг. Социјалните интеракции зависат од емпатијата и желбата позитивно да се функционира. Емпатичните луѓе им помагаат на другите. Тоа не значи дека тие мора да ги апсорбираат туѓите емоции. Тоа е исто така вештина која ја учиме за да запомниме дека треба да останеме приземјени во нашите сопствени енергетски полиња кога помагаме на некој друг. Можеме да чувствуваме, да се грижиме и да помагаме а сепак да ја одржуваме нашата духовна и емоцинална рамнотежа. Нашите зборови и постапки исто така може да им помогнат на другите низ процесите со кои се соочуваат кога можеме да се поврземе со нив и да споделиме од сопствено искуство.
Кога чувствуваме дека она што го збориме и чувствуваме е слушнато и разбрано тоа ни помага да ги слушнеме и разбереме и другите. Тоа го гради нашиот капацитет на емпатија. Како деца, границите на емпатија се тестирани и тогаш учиме зошто истата е важна. Многумина од нас се учени дека треба да се однесуваме со другите како што сакаме другите да се однесуват со нас.
Постојат неколку различни видови на емпатија. Прво, разбирање како се чувствува друга личност, физички чувствувајќи ја нивната болка и знаејќи дека се во болка со самото тоа што сте во нивна близина. Високо емпатичните луѓе привлекуваат индивидуи кои бараат потврда и поддршка. Емпатичните личности имаат некои специфични карактеристи. Тие се најчесто добри слушатели, редовно ги проверуват саканите, имаат потешкотии да кажат „не“ и да постават граници и се чувствуваат исцрпено во социјални ситуации. Доколку препознавате повеќе од овие карактеристики кај вас, исклучително важно е да поставите здрави граници за да избегнете да бидете преоптоварени со чувства.
Луѓето на кои им недостасува емпатија имаат тенденција да имаат малку грижа за оние во несреќни околности, вообичаено обвинувајќи ја жртвата за нивната ситуација. Кога се соочуваат со истите предизвици, тие имаат тенденција да ги обвинуваат сите други освен себе си. Тие не се способни да се поистоветат со болката на другите кои се различни од нив. Во најтешките случаи, тие намерно ги повредуваат другите ментално или дури и физички за да ја преземат контролата, чувствувајќи дека имаат право да го сторат тоа. Многу емпати учат да ги „читаат“ овие видови на енергии, избегнувајќи го нивното присуство секогаш кога е можно или имаат методи за заштита од туѓите намери и нивната негативност.
Светот денес има огромна потреба од повеќе емпатија. Сите сме подобри, посилни и помудри кога сме обединети во духот и заедничките цели за иднината. Преживеавме како луѓе затоа што сме се грижеле еден за друг. Свесно учиме откако се инкарниравме овде како да живееме поздраво, помудро и посилно преку емпатија, сеејќи ја иднината на човештвото.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.