Духовност е широк концепт со простор за многу перспективи. Општо, тоа вклучува чувство на поврзаност со нешто поголемо од нас самите, и обично вклучува потрага по смислата во животот. Како такво, тоа е универзално човечко искуство – нешто што нè допира сите нас. Луѓето може да го опишат духовното искуство како свето или едноставно длабоко чувство на живост и меѓусебна поврзаност.
Како и нашето чувство за цел, така и нашата дефиниција за духовност може да се менува во текот на животот, прилагодувајќи се на сопствените искуства и односи.
Духовноста е аспект на човештвото што се однесува на начинот на кој поедниците ја бараат и ја изразуваат целта и значењето и начинот на кој ја доживуваат нивната поврзаност со моментот, со себе, со другите, со природата, со значајното или светото.
Духовноста не е универзален пат
Духовноста не е единствен пат, или систем на верување. Постојат многу начини да се доживее духовноста и многу различни придобивки од истата. За некои луѓе ова може да значи верување во „виша сила“ или специфична религиска пракса.
За други, тоа може да преставува чувство на поврзување со повисока состоја или чувство на меѓусебна поврзаност со човештвото и природата.
Не секој ја доживува или изразува духовноста на ист начин. Некои луѓе може да бараат духовни искуства во секој аспект од нивниот живот, додека други може овие искуства да ги бараат под специфични услови или локации. На пример, некои луѓе имаат поголема веројатност да ги доживеат тие чувство во црква или други религиозни храмови, додека некои може да ги имаат истите тие чувства додека уживаат во природата.
Разликата меѓу духовност и религија
Духовноста и религијата може потешко да се разликуваат, но сепак постојат некои дефинирани разлики меѓу нив. Религијата е специфичен сет на организирани верувања и практики, обично споделени од заедница или група. Духовноста е повеќе индивидуална пракса и е поврзана со чувство на мир и цел. Исто така, се однесува на процесот на развој на верувања околу смислата на животот и поврзанста со другите.
Зошто луѓето практикуваат духовност?
Многу луѓе преку духовноста бараат утеха и мир во нивниот живот. Духовноста се користи и како начин за стекнување перспектива, дека нашата улога во животот е поголема од низата секојдневни задачи и обврски што ги завршуваме. Некои луѓе исто така ја гледаат духовноста како начин да се справат со промените или неизвесноста.
Без разлика дали повторно откриваме заборавен духовен пат, ја зајакнуваме посветеноста на веќе добро утврдениот пат или бараме нов избор на духовно исполнување, истражувањето на духовната страна може да ни помогне во подобрување на благосостојбата. Духовноста е многу лично искуство и секој духовен пат e единствено уникатен.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.