Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    среда, мај 14
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Што е дарма?
    Јога

    Што е дарма?

    omnia.mkBy omnia.mk03/07/2020Updated:17/01/2023Нема коментари4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    дарма
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во хиндуизмот, дарма претставува една од четирите пуруши или цели на животот. Другите се: арта (безбедност, вклучувајќи финансиска сигурност), кама (пријатни активности) и мокша (слобода од циклусот на раѓање и смрт).

    Историјата на Дармата

    Дарма е првиот збор споменат во „Багавад Гита“. Кралот Датараштра го прашува својот советник, Саџаја, за битката што ќе се одржи на полето на дармата.

    Арјуна не сака да се вклучи во оваа битка. Чувствува дека тоа ќе биде повреда на неговата дарма. Некои членовите на неговото семејство се на другата страна на битката. Сепак, Кришна го советува дека учествувањето во битката е негова дарма, а негова должност, како член на кастата воини е да се бори.

    Кришна разјаснува:

    „Сега, ако не ја извршиш оваа битка, значи дека ќе се откажеш од личната дарма и углед и ќе извршиш грев“.

    Касти

    Во старо време, улогите во општеството биле добро дефинирани. Луѓето имале одредени улоги во животот. Системот на касти всушност им давало на поединците пошироко разбирање за тоа како тие треба да придонесат за доброто на општеството.

    На кратко објаснето, Брамините ги извршувале ритуалите или пуџите. Тие обезбедувале духовно воздигнување и водство. Кшитриите биле кралевите, владетелите, а исто така и воините кои ги штитиле местата. Ваишјазите биле трговци и Шудрасите биле работници.

    Иако системот изгледа нееднаков, луѓето во тоа време биле обучени да ја вршат својата должност и се придржувале кон истата.

    Во третото поглавје од Гита, Кришна вели:

    „Подобро е да се изврши сопствената должност несовршено отколку да се изврши нечија туѓа должност совршено. Дури и умирањето додека извршувате сопствена должност е супериорно, но последицата од следење на туѓа должност е опасна.“

    Во Багавад Гита, дармата служи за да му помогне на поединецот да ја разбере неговата поврзаност со вечната душа и Бог.

    Дармата денес

    Денес, улогите не се толку јасно дефинирани. Сепак, сè уште можеме да се потпреме на оваа античка мудрост да ја одредиме нашата дарма.

    Дарма вклучува дејствување за подигнување на нас самите, индивидуално, како и за целиот свет. Тоа вклучува повикување на принципот на ахимса (ненасилство).

    Универзална дарма

    Еве неколку начини да ја одржувате дармата во вашиот секојдневен живот:

    • Вежбајте љубезност;
    • Бидете дарежливи;
    • Дејствува несебично;
    • Зборувајте вистина;
    • Дејствувајте во согласност со моралниот закон;
    • Не ги повредувајте другите во мисла, збор или акција;
    • Практикувајте ги божествените доблести прифатени од хиндуизмот;
    • Заштитете ја и грижете се за животната средина.

    Индивидуална дарма

    Секојдневно, мора да ги почитуваме нашите должности во секојдневни животи и да се стремиме да ги исполниме преку правилно однесување. Вашата дарма е исто така да се однесува доследно како дете, сопружник, партнер, родител, сестра/брат, работодавач, вработен, граѓанин, глобален граѓанин и како и сите други позиции што ги имате.

    За секоја од улогите што ги играме во животот, имаме различни одговорности.

    На пример, како родител треба да ги заштитиме и да се грижиме за своите деца. Сепак, како вработен, ние мора да ја завршиме нашата работа на начин што ќе биде од полза на целата компанија.

    Дармата и ведската астрологија

    Ние како индивидуи исто така имаме свои уникатни таленти. Одамна Хиндусите сфатиле дека нивната дарма е да ја споделат својата експертиза со семејството, пријателите и заедницата. Некои од нас се писатели, пејачи, исцелители, математичари, пекари, танчери, воспитувачи, правници или имаат други улоги.

    Примарен начин преку кој Индијците ги разбираат своите вештини и како да ги искористат во светот е преку ведска астрологија. Родителите имаат табели за своите мали деца и добиваат упатства за каде треба да ги насочат академски, како и за креативните потфати со кои нивното дете може да се занимава.

    Астролошката табела јасно објаснува што е нашата дарма и како треба да ја следиме во животот. Ги открива вродените дарби што треба да ги сподели поединецот и најдобрите начини преку кои може да ги искаже. Во табелата се открива целта на тековната инкарнација на душата и како душата може да ја исполни својата дарма во овој живот.

    Кога сме во хармонија со нашата дарма, тогаш чувствуваме дека го слушаме повикот на нашата внатрешна природа. Тоа ни овозможува да се чувствуваме исполнето и да додадеме вредност на другите околу нас, како и на целото општество.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    бог дарма јога мисија универзум хиндуизам
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleКолку се идентификуваме со егото?
    Next Article Пратјахара – повлекување на сетилата
    omnia.mk

    Related Posts

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Болка во зглобовите при јога? 11 совети за спречување на болки во зглобовите

    05/02/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.