Дали некогаш сте имале денови кога сте сами и не знаете што со себе? Што да правите кога ви е досадно? Како да го „пополните“ времето? Оваа листа е создадена баш за тие денови или моменти од денот. А којзнае можеби баш на оваа листа ќе го најдете и следното хоби!
Пробајте барем неколку од овие работи, видете како ќе се чувстувате и каде ќе ве одведат овие активности!
1. Исчистете го станот/куќата
Чистењето може да биде одлична идеја за да се занимавате кога би е досадно. Плус, имате чувство дека сте направиле нешто продуктивно.
2. Излезете на долга прошетка
Отидете на прошетка низ вашето соседство, локалниот парк или низ градот. Самата промена на сценографија ќе ви помогне да не ви е досадно.
3. Научете нов јазик
Ако сакате да се предизвикате себе, зошто да не пробате да учите нов јазик? Тоа секако ќе ви го исполни времето и повторно е активност која е продуктивна и може да биде многу корисна и да ви отвори нови врати.
4. Медитирајте
Медитацијата може да биде одличен начин да го смирите умот. Иако не е баш активна активност, сепак постојат огромен број придобивки од практикување медитација, како што се намалување на анксиозноста, поголема свесност и подобро управување со стресот.
5. Напишете песна
Дури и ако не сте музички талентирани, сепак можете да пробате да ја изразите вашата креативност преку пишување песна. Ако знаете да свирите некој инструмент дури можете да ја создадете и музиката!
6. Посетете локален музеј
Каде и да живеете сигурно во близина може да најдете некој музеј кој може да го посетите. Посетата на музеј може да биде одличен начин да дознаете повеќе за историјата,културата,науката, уметноста и други интересни теми.
7. Читајте книга
Секогаш го давате истиот изговор дека немате доволно слободно време за читање книги? Епа сега е вистинското време да посегнете по книгата која што собира прашина на вашата полица. Дури може да направите и список на сите прочитани книги во текот на изминатата година.
8. Експериментирајте со нов рецепт
Интернетот е полн со рецепти и вкусни јадења кои можете да ги приготвите и пробате. Обидете се да експерментирате со нов рецепт и можеби следниот пат кога ќе ви дојдат пријателите или семејството на ручек, ќе можете да ги изненадите со нов рецепт.
9. Напишете писмо до вашето идно јас
Иднината понекогаш може да биде неизвесна. Можеби не знаете каде ќе бидете за 5, 10 или 20 години отсега. Пишувањето писмо до вашето идно јас може да биде креативен начин за изразување на сите ваши несигурни чувства и мисли, а воедно ќе ви даде опција да се осврнете назад и да го видите патот што сте го изоделе.
10. Направете листа за работите за кои сте благодарни
Малкумина од нас го прават ова редовно, но списокот за работи за кои сме благодарни може да ни даде една нова перспектива на животот, семејството, пријателите и за работите во кои уживате најмногу.
11. Насликајте слика
Не мора да сте уметник, ниту пак да ве бива за цртање. Таа може да биде од нешто сосема апстрактно до нешто конкретно што го гледате пред вас. Изборот е ваш! Само дозволете креативноста да излезе од вас преку цртањето.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.