Потребни состојк:
за ќофтињата:
- 1/2 црвен кромид;
- 2 чешниња лук;
- 1 чили пиперка;
- 340гр. црвен грав;
- 30гр. лебни трошки;
- свеж коријандер;
- 1 лажичка сок од лимон;
- 1 лажичка кумин;
- сол и бибер;
- маслиново масло;
за сосот:
- маслиново масло;
- 1 црвена пиперка;
- 3 чешниња лук;
- 500мл. доматен сос;
- 2 лажички агава;
- 1 лажичка оригано;
- 1 лажичка кумин;
- 1 лажичка чили зачин;
- сол и бибер;
- свеж коријандер.
за сервирање:
- шпагети;
- 1 авокадо.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 60 минути.
Нутритивна вредност: калории 540; натриум 1340мг. (56%); масти 14гр. (22%); протеини 19гр. (37%); јаглехидрати 89гр. (30%); влакна 17гр. (68%).
Начин на подготовка:
*кофтињата
Загрејте ја рерната на 250ᵒC. Во блендер ставете ги сите состојки за ќофтињата и убаво изблендирајте додека не се соединат. Од смесата направете топчиња и наредете ги на тава за печење, одозгора покриена со хартија за печење на која ќе ставите малку масло. Печете ги 40-тина минути (свртете ги еднаш, околу 20-тата минута).
*сосот
Во тавче на среден оган додајте малку маслиново масло, црвената пиперка и кромидот. Пропржете 5 минути додека не омекнат. Додајте го доматниот сос, агава, органо, кумин, чили зачин, сол и бибер. Убаво промешајте, намалете ја температурата и оставете уште 15-тина минути да се пропржи. Од кога ќе го тргнете тавчето од оган додајте го свежиот коријандер.
*сервирање
Додека се печат ќофтињата, сварете ги шпагетите. Исечете го авокадото на парчиња и кога ќе бидат готови шпагетите додајте од сосот и ќофтињата и декорирајте со неколку парчиња авокадо.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.