Шитали пранајама или позната како „здив кој разладува“, е техника на дишење која многу ефикасно го лади телото, го смирува умот и емоциите. Шитали потекненува од санскритскиот збор „sheet“ што значи „ладно“ или „фригидно“.
Шитали пранајама го смирува и опушта умот и телото преку активирање на моќен механизам за ладење преку вдишување, притоа нежно ладејќи ги и длабоките ткива на телото.
Изведувањето на шитали пранајама се препорачува кога времето е топло, ако сме биле изложени на интензивен физички напор, продолжено изложување на директно сонце, „вжештени“ емоционални ситуации и други околности што предизвикуваат топлина. Оваа пранајама ја балансира пита дошата, а е неутрална кон вата и капа дошите. Треба да се внимава со шитали пранајама доколку времето е премногу студено. Во овие случаи треба да се одреди дали е навистина потребно да се практикува шитали и можеби да се комбинира со некоја друга пранајама техника која повеќе загрева, како бастрика пранајама.
Придобивки од шитали пранајама:
- ја балансира пита доша;
- го лади телото и го „чисти“ вишокот на топлина;
- го отстранува дигестивниот „оган“ и го поттикнува оптималното варење;
- ги ублажува хиперкиселините во дигестивниот тракт;
- ги смирува воспалителните состојби на кожата;
- помага во смирување на воспаленијата низ телото;
- го смирува умот;
- го зголемува протокот на прана низ телото;
- го подобрува имунитетот;
- го намалува крвниот притисок.
Пред да започнете
За изведба на шитали пранајама потребно е да можете да го свиткате јазикот како цевче (со вртење на лателарните рабови нагоре за да формираат цевка). Ако не можете да го направите ова, тогаш алтернативната модификација позната како шиткари е објаснета подолу во „Начин на изведба“.
Овие упатства имаат за цел да обезбедат сигурен и општ вовед во пранајамa техниката. Се разбира секогаш е најдобро да се научи нова техника лично со квалификуван учител/ка.
Контраиндикации
Шитали и шиткари не се препорачуваат за луѓе со низок крвен притисок, хроничен запек и респираторни нарушувања ( како што се астма и бронхитис ). Оние со срцеви нарушувања треба да ја изведуваат оваа пранајама без задружување на воздухот. Бидејќи оваа техника бара вдишување преку уста (која нема филтрациски капацитет како носните канали), не треба да се практикува кога има загадување на воздухот.
Начин на изведба
Шитали и шиткари (како и повеќето пранајама техники) се изведуваат на празен стомак. Изберете удобно место за седење во некоја медитативна положба. Поставете ги дланките на колена, дозволете му на ‘рбетот да се издолжи така што грбот, вратот и главата се исправени, а градите и стомакот отворени. Нежно затворете ги очите и дишете низ нос. Опуштете го целото тело. Дишете неколку пати целосно јога дишење и кога ќе бидете подготвени започнете или со шитали или со шиткари.
Шитали
Ако можете да го свиткате јазикот како цевче тогаш вдишете преку свитканиот јазик, па затворете ја устата и задржете го воздухот. Издишете преку нос.
Шиткари
Забите се стиснати, јазикот е блиску до забите, а усните се отворени. Вдишете низ забите, затворете ја устата и опуштете ги забите. Задржете го воздухот, за почеток неколку секунди е доволно, па потоа издишуваме низ носот.
За почеток доволни се 7 до 9 повторувања.
Кога ќе бидете подготвени да завршите вдишете и издишете долго низ нос. Потоа дозволете му на вашето дишење да се врати во нормала сè уште дишејќи на нос. Некои варијации на шитали и шиткари вклучуваат и понапредни техники како што се мускулни заклучувања (банди), подолги задржувања на воздухот (кумбаха) и подолги вдишувања и издишувања. Овие техники најдобро се учат под водство на квалификуван јога учител.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.