Трите доши: Вата (воздух), Пита (оган) и Капа (вода) се одговорни за сите телесни функции. Соодносот на секоја доша е она што ја претставува нашата единствена индивидуалност или Пракрити. Соодносот на дошите во телото зависи директно од шестте вкусови односно од нивното консумирање. Тие се: слатко, кисело, луто, горчливо, ацидно и солено. Консумирањето на овие вкусови во голема мера влијае на сите делови на човековото тело.
Слаткиот вкус
Слаткиот вкус се состои главно од елементите на земја и вода и е ладен, тежок и влажен. Тоа природно ја зголемува влагата и тежината. Го храни телото преку помагање да се изградат сите дхатуси – телесни ткива – и го ублажува гладот и жедта.
Ја зголемува Капата и ги намалува Вата и Пита. Го има во повеќето слатки намирници, млечни производи, грав, леќа, слатко овошје, житарки како пченица или ориз, и во варен зеленчук како моркови и сладок компир.
Киселиот вкус
Киселиот вкус е составен главно од елементите на земјата и огнот, загрева и е лесен и влажен. Го стимулира варењето и го подобрува апетитот, ја поттикнува циркулацијата и елиминацијата, го освежува човекот и ги изострува сетилата.
Се наоѓа во агруми како што се лимони и зелен лимон, кисело млечни производи како јогурти и сирење и ферментирани производи како вино или оцет. Киселото ги зголемува Пита и Капата, а ја намалува Вата.
Солениот вкус
Солениот вкус се состои главно од елементи на вода и оган. По природа е тешок, затплувачки и влажен. Се наоѓа во сите соли и морски зеленчук.
Го подобрува варењето, ги смирува нервите, ја подобрува кожата, го елиминира отпадот, го чисти телото и го зголемува апетитот. Ги омекнува, подмачкува и олабавува ткивата. Солениот вкус е тој што предизвикува најголем дел од задржувањето на водата и зголемување на телесната тежина во телото по слаткиот вкус. Ги зголемува Питата и Капата, а ја намалува Вата.
Лутиот вкус
Лутиот вкус, кој е жежок и зачинет како чили, се состои главно од елементите на оган и воздух. Тој е најжешкиот од 6 -те вкусови.
Загреан, лесен и сув, го стимулира варењето, го зголемува апетитот, ги елиминира сите видови на секреција од телото и ги исфрла маснотиите, слузот и спермата. Исто така, ја стимулира циркулацијата и го подобрува метаболизмот. Ги зголемува Пита и Ватаа, а ја намалува Капа.
Горчливиот вкус
Горчливиот вкус кој е лесен, ладен и сув, се состои главно од елементите на воздух и етер. Горчливиот вкус се наоѓа во зелениот зеленчук како што се спанаќот и кељот, зеленчукот како што се модри патлиџани и тиквички, како и одредени плодови како грејпфрут. Исто така е присутен во чајот, кафето и бројни зачини како куркума и тилчец.
Ги прочистува и суши сите секрети и ги враќа сите вкусови во нормална рамнотежа. Има антибиотички и анти-паразитски својства. Исто така, помага во намалување на телесната тежина, задржување на водата и помага при кожните заболувања и трески. Ја зголемува Ватата, а ги намалува Пита и Капа.
Ацидниот вкус
Ацидниот вкус е составен од елементите на воздухот и земја. Има ефект на ладење, тежок е и сув. Тоа е најнеобичниот вкус од сите вкусови. Се наоѓа во гравот, леќата и овошјето, вклучувајќи ги крушите и калинките. Исто така, се содржи во зеленчук како што се брокула, артичоки и аспарагус, како и во одредени зрна.
Има поголем ефект на ладење од слаткиот вкус, иако не е поголем од горчлив вкус. Ја зголемува Ватата, а ги намалува Пита и Капа.
Значењето на шестте вкусови
Сите шест вкусови се од витално значење за соодветно функционирање на телото. Сепак, соодносот на секој вкус што го консумираме ќе влијае на дошите што ги произведуваме, што треба да го направиме според нашата индивидуални конституција.
Дигестијата започнува со сетилото за вкус. Во моментот кога јазикот ја допира храната, испраќа порака на мозокот кој ја класифицира вкусената храна и одредува кои ензими ќе ги „испушти“ за оптимално разложување.
Не е важно она што го внесуваме, туку она што можеме да го свариме и процесираме. Најздравиот оброк може да стане најтоксичен за нас ако не можеме да ги разложиме правилно состојките. Затоа е важно секој од нас внимателно да го консумира секој вкус, откако ќе ја воспостави сопствената индивидуална конституција.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.