Потребни состојки за шакшука :
- маслиново масло
- 1 кромид
- 1 црвена пиперка
- 4 чешниња лук
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажичка кумин
- чили
- 500гр. Домати
- сол и бибер
- 6 јајца
Потребно време за подготовка на ова јадење е 30 минути.
Нутритивна вредност: калории 130; натриум 270гр (11%); масти 10гр. (15%); протеини 7гр. (14%); јаглехидрати 5гр. (2%) влакна 1гр. (4%).
Начин на подготовка на:
Ситно исцекајте го кромидот, пиперката и оставете ги да се пропржат на маслиново масло. Потоа додајте го лукот и зачините и промешајте уште неколку минути. Додајте ги и ситно сецканите домати и убаво промешајте. Од кога зеленчукот малку ќе проврие, искршете ги шестте јајцата одозгора. Гответе уште 5 до 8 минути или додека јајцата се готови.
Voilà! Bon appétit!