Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    среда, мај 14
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Шакти: Моќта на женската енергија
    Јога

    Шакти: Моќта на женската енергија

    omnia.mkBy omnia.mk30/12/2021Updated:14/01/2023Нема коментари2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Шакти
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Терминот Шактисе однесува на повеќе идеи. Нејзината општа дефиниција е динамична енергија која е одговорна за создавање, одржување и уништување на универзумот. Оваа универзална енергија е идентификувана како женска енергија бидејќи таа е одговорна за создавањето, како што мајките се одговорни за раѓањето. Често се персонифицира како Божествена Мајка или Парвати, сопруга на Шива. Без неа, ништо во овој Универзум не би се случило. Таа го стимулира Шива, кој ја носи пасивната енергија во форма на свест, да создава.

    Taa може да биде претставник на промените и уништување, а исто така може да помогне и за исполнување на нашите желби и соништа. Оваа динамична моќ може да се доживее и надворешно и внатрешно. 

    Карактеристични типови

    Постојат карактеристични типови на Шакти внатре и надвор од нас кои се доживуваат во различни форми и на различни нивоа. Пара-Шакти работи на космичко ниво – светлина генерирана од сонцето, ротацијата на планетите, топлината и другите форми на целата енергија. Џнана-Шакти работи на умот – на мислата, мудроста и интуицијата. Ика-Шакти работи на нашата волја, акција и намера. Крија-Шакти на манифестација, креативност и инспирација. Кундалини-Шакти е најзначајната форма на Шакти. Гледано во природата како магнетизам, Кундалини-Шакти е исто така внатрешно скриена завиткана во основата на нашиот ‘рбет.

    Обединување со Шива

    Комплементарната сила на женската енергија е Шива, Универзална свест. Без нејзината анимирачката моќ, Шива спие. Внатрешно, Шива спие во крунската чакра. Шакти е опишана како свиткана змија со енергија во основата на ‘рбетот. Патот на ослободување во јогата е патот на женската енергија кој се движи низ надии (енергетски канали) и нагоре низ седумте чакри (енергетски центри) за да се обедини со Шива.

    Дури и ако нашата цел не е просветлување, свесноста и култивирање на оваа енергија може да биде многу корисно. Како што ја зголемувате енергијата на Шакти во вашето тело, вашите чакри и надии се прилагодуваат за нејзината дополнителната моќ. Со вашиот енергетски систем способен да прими поголеми количини на енергија, Кундалини потоа го зголемува својот излез на женската енергија во телото. Како што повеќе од оваа енергија тече во нашето тело, таа се манифестира во нејзините многубројни форми за да произведе креативност, инспирација, интелект, мудрост и волја.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    женска енергија јога медитација спиритуалност Шакти
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleШто значи јогиски начин на живот?
    Next Article Водење дневник: Зошто е важно?
    omnia.mk

    Related Posts

    Како да се ослободиш од негативни мисли и емоции?

    20/09/2024

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.