Потребни состојки:
- 200гр. црно чоколадо;
- 50гр. авокадо;
- ½ лажичка ванила екстракт;
- малку сол;
- 2 лажици какао во прав.
Потребно време за подготовка на овој десерт е 35 минути.
Нутритивна вредност: калории 90; натриум 30мг. (1%); масти 5гр. (8%); протеини 1гр. (2%); јаглехидрати 9гр. (3%); влакна 2гр. (8%).
Начин на подготовка:
Црното чоколадо стопете го на тивок оган. Во него додајте малку сол и екстактот од ванила. Во меѓувреме додека чоколадото се топи на оган, излупете го и и изгмечете го авокадото, додека не добиете хомогена смеса. Смесата од авокадо додајте го во стопеното чоколадо, убаво промешајте додека не се изедначи. Ставете ја смесата во фрижидер да се олади 20тина минути. Од изладената смеса формирајте топчиња и валкајте ги во какао прав. Чоколадните тартуфи повторно ставете ги во фрижидер уште 30тина минути за да се оладат.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.