Потребни состојки:
- 75гр. путер;
- 230гр. темно чоколадо;
- 200гр. бел шеќер;
- 55гр. кафеав шеќер;
- 1 супена лажица екстракт од ванила;
- 3 јајца;
- 100гр. брашно;
- 25гр. какао во прав;
- ¼ лажичка прашок за пециво;
- ¼ лажичка сол;
- ½ млечно чоколадо исецкано на ситни парчиња.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 40 минути.
Нутритивни вредности: калории 440; натриум 200мг. (8%); масти 21гр. (32%); протеини 6гр. (12%); јаглехидрати 65гр. (22%); влакна 3гр. (12%).
Начин на подготовка:
Путерот и темното чоколадо ги топиме на тивок оган, додека смесата не се соедини. Оставете ја смесата да се олади 5 минути. Потоа додадете ги белиот и кафеавиот шеќер, 3-те јајца и екстрактот од ванила. Мешајте енергично или употребете миксер, додека смесата не се изедначи и соедини.
Додајте ги во смесата брашното, солта и какаото. Повторно мешајте додека смесата не се изедначи и не стане хомогена, без грутки. Додајте го исецканото чоколадо и потоа ставете ја смесата во правоаголна тава за печење. Печете на температура од 180 степени, 28 – 32 минути.
Кога смесата ќе биде испечена извадете ја од рерната и оставете ја да се олади на собна температура 15-тина минути. Потоа, ставете ги испечените браунис во фрижидер да се оладат 2 часа, пред да ги исечете.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.