Чувството кога ќе навлезете длабоко во шума, тишината меѓу дрвата. Го слушате вашето дишење. Таа неопислива убавина да се биде во природа. Чувството на поврзаноста помеѓу човекот и природата.
Чувството е опишано со многу имиња – биофилија, поврзување со природата, итн. Како и да се нарекува се сведува на фактот дека ние како човечки суштества сме еволуирани во природата, а нашите тела и души копнеат да се вратат таму.
Природниот свет кој е од суштинско значење за постоењето на човекот, полека но сигурно исчезнува низ целиот свет. На негово место успеавме да изградиме многу вештачки работи – ѕидови, покриви, патишта и го наполнивме со разно разни машини. Се претпоставува дека просечниот човек поминува 83% од неговиот живот во затворен простор, каде што вештачките светилки и светлината од екраните го обезбедуваат осветлувањето. Нашите тела и умови допрва треба да се прилагодат на отсуството на природата. Но, тука се поставува прашањето дали некогаш би можеле да успеат во тоа?
Дрвјата, растенијата, животните, сите екосистеми на Земјата од длабоките океани до бескрајното небо. Вие и јас! Сите ги делиме истите основни компоненти: вода, сончева светлина, кислород, јаглеродни соединенија. Сите ние доаѓаме од ист извор. Сите ние сме еден организам кој споделува единствена животна сила.
Значи, кога сме отсечени од природата – т.е. живееме во современиот свет во многу реална смисла, се отуѓуваме од себе. И тоа не може да резултира со ништо добро. Основното нешто што треба да го запомниме е дека природата е дел од нас и ние сме дел од природата!
Нашата најдлабока суштина е чиста, енергична и животворна како сонцето. Моќта од природата е таа што ги лекува нашите тела и нè враќа во рамнотежа. Тоа е поврзаноста што ја чувствуваме со другите живи суштества и сочувството кон нив. Внатрешната свесност ни дава до знаење дали сме на вистинскиот пат или скршнуваме од него.
Кога ќе излеземе на прошетка на убав сончев ден, не нè повикува само сонцето од надвор – туку и сонцето во нас! Тоа е делот од нас кој е поврзан со целиот живот, со целиот космос и кој никогаш не престанува да не поттикнува да се стремиме кон повисоките цели за подобро утре.
Кога ќе се поврземе со природните елементи, само тогаш ќе можеме да се сретнеме со мудроста на земјата и да ги сведочиме принципите на животот кои ќе не воодушеват. Само тогаш ќе можеме да научиме да управуваме со сопствената енергија и да ја доживееме нашата вистинска природа – енергијата на изворот на животот. Со текот на времето, наместо да се потпираме на надворешни извори, самите ќе ги создаваме истите за сопственото здравје и среќа.
А никогаш не е ниту прерано, ниту предоцна за почеток!
Подготви: Горјана Бојаџиевска