Чистење на нередот во вашиот дом може да биде тешка задача, особено ако сте дозволите да се акумулира со месеци. Наместо да го одложите болното чистење на непотребните работи или да го поминете целиот викенд во простор со стара и заситена енергија, одлучете се да фрлате барем по едно нешто секој ден и да го ослободите просторот и енергијата за нови работи и искуства.
„Кога сфаќаме дека не ни недостасува ништо, целиот свет станува наш.“
Лао Це
Следниве работи скоро сите ги имаме во нашите домови. Чистење на нередот е ослободувачко искуство. Еве од што треба да се ослободиме денес, утре, задутре..
Веќе не ви е потребен:
1. Кујнскиот прибор што не го користите
2. Гардеробата која повеќе не е во мода или ви е мала
3. Честитки кои немаат сентиментална вредност – не го чувајте минатото
4. Сметки за кои е поминат рокот за рекламација
5. Стари билети
6. Искинати чорапи
7. Стари маици
8. Стари весници – скенирајте ги сликите и текстовите што мислите дека ви се потребни
9. Ластичиња за коса кои ја изгубиле еластичноста
10. Украси за коса кои не ги користите
11. Чевли што не ги носите
12. Декоративни налепници (или чувајте ги во една тегла)
13. Стари градници
14. Марами што никогаш не ги носите
15. Парчиња украсна хартија
16. Подароци што не ви се допаѓаат
17. Стари крпи
18. Стара шминка
19. Вишок копчиња
20. Закачалки кои не ги користите
21. Сите зачини на кои им е поминат рокот на траење
22. Играчки со кои вашето домашно милениче не си игра
23. Лекови на кои им е истечен рокот на траење
24. Исушени лакови за нокти
25. Рекламни флаери на кои им истекле понудите
26. Стари канцелариски документи
27. Оштетени тефлонски тави
28. Стари костими за капење и оние кои ја губат еластичноста
29. Застарени електронски уреди
30. Накит што не може да го исчистите
31. Пенкала и маркери кои не работат
32. Кабли и жици кои не ви требаат
33, Празни шишиња од средства за чистење
34. Стари простирки за во бања
35. Електронски уреди што не работат
36. Чанти што не ги користите
37. Стари перници
38. Покани за венчавки
39. Стари паричници кои не ги користите
40. Упатства за склопување на мебел
41. Разни пластични, картонски и украсни кутии кои не сте биле во можност да ги рециклирате или да им најдете соодветна намена
42. Вазни што не ги користите
43. Вишок пластични кутии за храна
44. Рекламен материјал за летување или зимување
45. Непотребни тегли
46. Употребени пликоа
47. Стари цртежи на деца или членови од семејството
48. Стари маски за вашиот мобилен телефон
49. Неискористени батерии кои предолго ги чувате
50. Вишок чаши за кафе кои не ги користите
51. Писма и подароци од поранешни партнери
52. Новогодишни светилки кои не работат
53. Стари мобилни телефони кои не работат
54. Храна со поминат рок на траење
55. Музика на вашиот мобилен и компјутеро што не ја слушате
56. Книги од училишните денови
57. Слушалки за мобилен или компјутер што се расипани или не ги користите
58. Стари прирачници за електронски уреди што не ви се потребни
59. Стар прибор за хигиена
60. Исушени цвеќиња