Според будистичката филозофија, чистење на куќата е суштинска задача за нашата енергија постојано да се обновува. Се верува дека куќата е храм на нашето тело и затоа мора често да се чисти. Во Јапонија учениците среќно ги чистат училиштата, нешто што е незамисливо на Запад.
Чистење на куќата – кујна
Кујната е место каде што често ги собираме нашите семејства и пријатели. Затоа, мораме секогаш да ја одржуваме чиста и во хармонија.
Микробрановата
Дали знаевте дека микробрановата мора да се чисти секоја недела? Можете да користите мешавина од половина чаша вода и половина шолја алкохолен оцет. Оваа мешавина ставете ја да се загрее во сад отпорен на топлина. Откако пареата ќе ја покрие внатрешноста, извадете го садот и исчистете ја микробрановата со сунѓер.
Работната површина во кујната
Кујнската работна површина мора да се чисти секој ден. Според експертите, работните површини се едно од највалканите места во кујната, бидејќи луѓето имаат тенденција да користат сунѓери со остатоци од храна за да ги исчистат. Одвојте посебен сунѓер за чистење на површините и менувајте ги крпите секоја недела.
Фрижидер
Научниците велат дека фиоките за зеленчук може да го зголемат нивото на бактерии за 750 пати, што го прави фрижидерот место кое треба често да се чисти. Фрижидерот треба површно да се чисти секоја недела. Сепак, потемелно чистење треба да се прави барем месечно!
Чистење на куќата – спална
Спалната соба е местото каде што спиеме и ја добиваме нашата енергија. Затоа, од витално значење е да ја одржувате оваа соба чиста.
Душек
Навлаките за душеци треба да се перат на секои два месеци. Кога ја отстранувате навлаката, посипете го душекот со сода бикарбона за да ги апсорбира мирисите, а потоа исчистете го со правосмукалка.
Постелнина
Постелнината е помалку валкана отколку што мислиме. Но, периодот на кој што треба да се менува постелнината многу зависи од вашата рутина. На пример, доколку не се туширате пред спиење ако дремете во облека што ја носите надвор, ако спиете со домашни миленици, тогаш менувајте ја постелнината неделно. Ако не правите ништо од овие работи, можете да ја менувате постелнината на секои 15 дена.
Перници
Перниците мора да перат на секои три месеци. Доколку имате алергии, се препорачува да ја менувате перницата двапати годишно. Просечната промена на перницата треба да биде на секои три години.
Чистење на куќата – бања
Бањата често е место за размислување. Навикнати сме да размислуваме за животот за време на туширањето, што често ни помага да донесуваме одлуки. Затоа е важно бањата да биде чиста. Енергијата во бањата секогаш треба да биде позитивна, а чистењето помага да се избегнат лошите вибрации.
Кадата
Кога размислуваме за бањата, мислиме дека тоалетот е највалканото место. Но, кадата е местото каде што највеќе се размножуваат бактериите. Истражувањата тврдат дека кадата може да се спореди со канта за ѓубре во однос на бактерии. Затоа, се препорачува да ја миете кадата еднаш неделно.
Пешкири
Колку често го перете пешкирите? Според истражувачите, пешкирите кои ги користите за бањање треба да ги переме на секои три употреби. Ова го спречува мирисот на мувла, бидејќи при секое капење, пешкирот отстранува милиони мртви клетки од кожата.
Чистење на дневната
Дневната соба е место за живеење во нашата куќа/стан. Во оваа просторија се среќаме во сите членови од семејстовото и најчесто тука ги дочекуваме пријателите. Покрај тоа е и место за релаксација по напорниот ден на работа.
Просторијата мора да биде пријатна, ослободена од негативна енергија. Затоа практикувајте неделно и редовно чистење.
Чистење на нашите емоции и чувства
Првично, неопходно е да откриете кои се негативните енергии што ве опкружуваат. Откријте што е лошо за вас, што го уништува вашиот оптимизам, вашите сили и надежи. Пронаоѓањето на овие енергии ќе ви помогне да ја откриете причината за различните проблеми во вашиот живот досега.
Пречки во бизнисот, хаосот, потиснување на можностите и среќата, чувство на болка, несигурност, вознемиреност и обесхрабреност, лошите односи во семејството се едни од водечките причини за негативна енергија во вашиот живот.
Но, како да ги блокирате овие лоши чувства кои носат проблеми во вашиот живот? Се верува дека е неопходно да се блокира идејата за ниска самодоверба.
Како да го направите тоа?
Ќе ви требаат позитивни ставови и добри дела. Најдобро би било да се посветите на опуштање на умот, што може да го направите преку медитација и вежбање јога. Долгото капење со билки исто така може да помогне да се ослободите од негативната енергија и да ги исчистите чувствата. Исто така, слушањето музика што ги активира добрите вибрации, добар хумор или опуштање е добра опција за детоксикација на вашиот живот.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.