Потребни состојки:
- 500гр. наут;
- 2 лажици таан;
- 1 лажица топла вода;
- 2 лажици павлака;
- 1 чешне лук;
- сок од 1 лимон;
- 2 лажици маслиново масло;
- кумин;
- сол;
Потребно време за подготовка на ова јадење е 15 минути (не вклучувајќи го времето потребно за варење на наутот).
Нутритивна вредност: калории 200; натриум 500мг. (21%); масти 8гр. (12%); протеини 6гр. (12%); јаглехидрати 27гр. (9%); влакна 5гр. (20%).
Начин на подготовка:
Наутот ставете го во сад со вода да отстои преку ноќ. Следниот сварете го наутот околу 2 часа, или додека убаво не омекне. Кога ќе биде готов, во блендер, ставете го наутот и една лажица од водата во која се варел. Кратко блендирајте. Потоа додадете ги и останатите состојки и повторно блендирајте додека не добиете убава хомогена смеса.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.