Постои храна за силен имунитет која може да ви помогне да ги спречите настинки и грипот. Планирајте во вашите оброци да ги вклучите овие 12 моќни засилувачи на имунолошкиот систем.
1. Цитрусни овошја
Повеќето луѓе откако ќе фатат настинка се свртуваат кон консумирање витамин Ц. Тоа е затоа што витаминот Ц, помага во градењето на вашиот имунитет. Се смета дека витаминот Ц го зголемува производството на бели крвни клетки. Овие се клучни за борба против инфекции.
Популарни цитрусни овошја: грејпфрут, портокали, мандарини, лимони.
Бидејќи вашето тело не го произведува или складира, потребен ви е дневен витамин Ц за континуирано здравје. Речиси сите цитрусни овошја се богати со витамин Ц. Со ваква разновидност за избор, лесно е да се додаде овој витамин во кој било оброк.
2. Црвени бабури
Ако мислите дека цитрусните овошја имаат најмногу витамин Ц, размислете повторно. Грам за грам, црвените пиперки содржат двојно повеќе витамин Ц од цитрусите. Тие се исто така богат извор на бета-каротин. Покрај зајакнувањето на вашиот имунитет, витаминот Ц може да помогне во одржување на здрава кожа. Бета-каротинот помага во одржување здрава кожа и здрави очи.
3. Брокула
Брокулата има многу витамини и минерали. Таа е еден од најздравите зеленчуци што можете да ги ставите на вашата маса, бидејќи содржи различни витамини како А, Ц и Е, како и многу други антиоксиданти и растителни влакна. Клучот за добивање на нејзините „моќи“ е да се готви што е можно помалку – или уште подобро, воопшто да не се готви.
4. Лук
Лукот се наоѓа во скоро секоја кујна во светот. Додава „шмек“ во храната и е одличен чувар на вашето здравје. Раните цивилизации ја препознаа неговата вредност во борбата против инфекциите. Според некои истражувања, лукот може да помогне и во намалувањето на крвниот притисок и да го забави стврднувањето на артериите. Имунолошките својства на лукот се чини дека потекнуваат од тешка концентрација на соединенија што содржат сулфур, како што е алицин.
5. Ѓумбир
Ѓумбирот е друга состојка која многумина ја консумираат откако ќе се разболат. Ѓумбирот може да помогне во намалување на воспаленијата, и да помогне во намалувањето на болното грло и други воспалителни процеси. Ѓумбирот исто така може да помогне во намалувањето на гадењето.
Ѓумбирот може да помогне во намалувањето на хроничната болка и може да поседува својства за намалување на холестеролот, според неодамнешни истражување.
6. Спанаќ
Спанаќот е на список на храна за силен имунитет не само затоа што е богат со витамин Ц. Тој, исто така, е преполн со бројни антиоксиданти и бета-каротин, што може да ја зголеми способноста за борба против инфекција на нашите имунолошки системи. Слично на брокулата, спанаќот е најздрав кога се готви што е можно помалку, така што ги задржува своите хранливи материи. Сепак, краткото варење го потенцира витаминот А кој се наоѓа во спанаќот и им овозможува на другите хранливи материи да се ослободат од оксална киселина.
7. Јогурт
Барајте јогурти кои имаат „живи и активни култури“ отпечатени на амбалажата. Овие култури можат да го стимулираат вашиот имунолошки систем да помогне во борбата против болести. Купувајте обичен јогурт наместо видовите кои се вештачки и имаат шеќер. Можете да го засладите обичен јогурт со свежни овошја или мед.
Јогуртот може да биде одличен извор на витамин Д кој помага во регулирање на имунолошкиот систем и се смета дека ја зајакнува природната одбрана на нашето тело од болести.
8. Бадеми
Кога станува збор за спречување и борба против настинки, витамин Е оди „рака под рака“ со витаминот Ц. Тој е клучен за здрав имунолошки систем. Витаминот Е, е растворлив во масти, што значи дека е потребно присуството на масти за да се апсорбира правилно. Јаткастите плодови, како што се бадемите, се преполни со витамин Е и исто така имаат здрави масти. Консумирањето на околу 46 цели бадеми, обезбедува скоро 100% од препорачаната дневна количина на витамин Е.
9. Куркума
Може знаете дека куркума е клучна состојка во зачинот кари. Овој светло жолт, горчлив зачин исто така се користи со години како антиинфламаторно лекување на остеоартритис и ревматоиден артритис. Исто така, некои истражувања покажале дека куркумата, може да помогне во намалувањето на оштетувањето на мускулите предизвикано од вежбање.
10. Зелен чај
И зелените и црните чаеви се преполни со флавоноиди, еден вид антиоксиданс. Онаму каде што зелениот чај навистина се истакнува е во неговите нивоа на епигалокатехин галат, или EGCG, уште еден моќен антиоксиданс. Се покажало дека EGCG ја подобрува имунолошката функција. Процесот на ферментација на црниот чај доведува до уништување на EGCG. Зелениот чај, од друга страна, се пари и не се ферментира, така што EGCG е зачуван.
Зелениот чај е исто така добар извор на аминокиселината Л-танин. Л-тананинот може да помогне при производство на соединенија за борба против микроби во Т-клетките.
11. Киви
Кивито е природно полно со многу основни хранливи материи, вклучувајќи ги фолатите, калиумот, витамин К и витамин Ц. Витаминот Ц ги зајакнува белите крвни клетки за борба против инфекцијата, додека останатите хранливи состојки на кивито го одржуваат остатокот од вашето тело да функционира правилно.
12. Семки од сончоглед
Семките од сончоглед се полни со хранливи материи, вклучувајќи фосфор, магнезиум и витамин Б-6. Тие исто така се неверојатно богати со витамин Е, кој е моќен антиоксиданс. Витаминот Е е важен во регулирањето и одржувањето на функцијата на имунитетот. Другите храна со големи количини на витамин Е вклучуваат авокадо и темно зелени зеленчуци.
Повеќе начини за спречување на настинките и грипот
Разновидноста е клучот за правилна исхрана кога станува збор за храна за силен имунитет. Јадењето само една од овие намирници нема да биде доволно за да помогне во борбата против настинките и грипот, дури и ако јадете постојано. Обрнете внимание на големината на порциите и препорачаната дневна доза, така што нема да внесувате премногу витамини од едните и премалку од другите. Јадењето правилно е одличен почеток, но има и други работи што можете да ги направите за да се заштитите вие и вашето семејство од грип, настинка и други болести.
Во конкретнава ситуација седете дома и читајте Омниа!
#седетедома
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.