Воспалението е одговор на имунолошкиот систем и е дизајнирано да нè заштити од работи што можат да ни наштетат, како што се токсини, повреди, болести, алергии или инфекции. Кога некои од овие процеси тргнува во „напад“ на нашите клетки, имунолошки систем веднаш реагира со ослободување на антитела и зголемување на протокот на крв во повредената област. Процес кој треба да трае не повеќе од неколку дена во случај на повреди и неколку часа кога се работи со благи токсини.
Откако ќе се реши проблемот и ќе се излечи областа, воспалението треба да се повлече. Доколку тоа не се случи, а воспалението трае подолг временски период, се дијагностицира хронично воспаление. Кога воспалението е присутно долго време, тоа може сериозно да му наштети на нашето здравје и благосостојба.
Што предизвикува хронично воспаление?
- Нелекувана повреда или инфекција
- Автоимуно заболување кое предизвикува имунолошкиот систем да ги напаѓа здравите клетки
- Континуирана изложност на токсини и загадувачи
- Хроничен стрес
- Јадење храна која предизвикува воспаленија
Поврзаноста помеѓу храната и восплаленијата
Хроничното воспаление најчесто е предизвикано од храната што ја јадеме.Овие намирници – кои многумина од нас ги јадат на дневна основа – предизвикуваат нашиот имунолошки систем да предизвика воспаление, што резултира со зголемување на телесната тежина, проблеми со кожата, дигестивни проблеми, воспалени зглобови.Ова на крајот го отвора патот кон сериозни хронични заболувања.
Митохондриите и воспаленија
Во текот на последните неколку децении, истражувачите ја истражуваа врската помеѓу здравјето на митохндиите и воспалението. Митохондриите се енергетски мотори на нашите клетки, кои ја претвораат хемиската енергија во храната во АТП (аденозин трифосфат), форма на енергија што нашите клетки можат да ја користат.
Кога митохондриите се оштетени или можеби ограничени на некој начин, нашите клетки имаат помалку енергија на располагање за извршување на нивните основни функции. Ова се нарекува митохондријална дисфункција.
Митохондријалната дисфункција може да биде предизвикана и од стрес, бидејќи стресот предизвикува нервниот систем да предизвика воспаление како подготовка за напад или повреда.
Храна која го зголемува восплението
- Шеќер
- Преработени житарки
- Неоргански јајца
- Маргарин
- Сончогледово масло, палмино масло
- Црвено месо
- Полномасни млечни производи
- Пржена храна
- Алкохол
- Процесирано месо
- Вештачки адитиви, засладувачи, емулгатори
- Производи кои содржат глутен
- Тофу и сејтан
Намалувањето на нашето консумирање на овие воспалителни намирници може да помогне во намалувањето на хроничното воспаление, а со тоа и намалување на факторите на ризик за други здравствени проблеми.
Храна која помага со воспаленија
- Авокадо
- Зелен лисест зеленчук (кељ, карфиол, брокула)
- Цреши
- Пиперки
- Грозје
- Зелен чај
- Ги путер
- Маслиново масло
- Бадеми и ореви
- Портокали
- Домати
- Темно чоколадо кое содржи повеќе од 75% природно какао
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.