Потребни состојки за фритата :
- 6 јајца
- 150мл. млеко
- 140гр. свежи печурки
- брокула
- 50гр. путер
- пола кромид
- 1 мала тиквичка
- 4 супени лажици рикота сирење / урда
- 1 млад кромид
- сол и бибер
Потребно време за подготовка на ова јадење е 25 минути.
Нутритивна вредност: натриум 190мг. (8%); масти 13гр. (20%); протеини 14гр. (27%); јаглехидрати 7гр. (2%); влакна 2гр. (8%).
Начин на подготовка на фритата:
Исецкајте го зеленчукот на ситно. На тава со малку путер, пропржете го кромидот, печурките, тиквичката. Брокулата можете кратко да ја обарите или да ја оставите жива. Додека зеленчукот омекнува, изматете ги јајцата и додајте го млекото, сол и бибер. Во тава за печење ставете го пропржениот зеленчук, одозгора полијте го со смесата од јајца и додајте рикота/урда. Печете на средна температура околу 15тина минути. Кога ќе биде готово додадете ситно сецкано младо кромитче одозгора.
Voilà! Bon appétit!