„Простувањето не значи дека сме го потиснале гневот. Простувањето значи дека сме побарале чудо. Можност да се види преку грешките што некој ги направил на вистината што лежи во нашето срце. Простувањето не е секогаш лесно. На моменти, се е поболно од раната што ни ја нанесена, да му простиме на оној кој ни ја нанел. А сепак, нема мир без простување. Лошите мисли кон другите, се лоши мисли кон себе. Првиот чекор во простувањето е во подготвеноста да простиме.“
Мериен Вилијамсон
Постојат 4 фази на свесно простување: пуштање – ослободување; самоконтрола – не казнување; заборавање – неутрализирање на меморијата; и простување – прифаќање на извинувањето што никогаш нема да го добиете.
Пуштање
За почетниците кои го користат начинот на свесно простување корисно е да дозволат да помине некое време. Добро е за почеток привремено да се престане да се размислува за личноста или настанот. Ова не значи да се остави нешто недовршено, туку повеќе како одмор од самата ситуација или личност. Ова ќе овозможи да не бидете исцрпени и ќе овозможи да растете и да дозволите да ви се случуваат и други работи во животот.
Ова е прва фаза на тренирање за крајно ослободување што подоцна ќе дојде преку чинот на простување. Оставете ја ситуацијата или личноста, оставете ја меморијата за тоа што се случило. Идејата не е да ги затворите очите, туку да стекнете агилност и сила за да се дисконектирате од ситуацијата.
Во фазата на пуштање може да ви помогне доколку пишувате, шетате на планина или одите на море, доколку учите и правите нешто што ќе ве зајакне себеси и што ќе предизвика да го пуштите настанот или ситуацијата на некое време.
Самоконтрола
Во втората фаза ја повикуваме контролата, во смисла на воздржување од одмазда и казна. Ова значи не размислување и не реагирање на ситуацијата. Практиката на ваков вид воздржаност е корисна бидејќи го спојува проблемот на едно место, наместо да му се дозволува да се шири насекаде.
Ставот на самоконтрола го насочува вниманието кон времето кога лицето се движи кон следните чекори. Не значи дека лицето треба да биде слепо, рамнодушно или да ја изгуби заштитната будност.
Да се контролираме себеси значи да имаме трпеливост, да се воздржиме и да ја канализираме емоцијата. Ова се моќни алатки. Ова е режим на прочистување. Не мора да ги користите сите алатки. Може да одберете еден аспект, како трпеливост и да го применувате. Може да се воздржите од зборови, од непријателско однесување, од казнување. Со избегнување на непотребно казнување, го зајакнувате интегритетот на вашата душа и достоинството на делување.
Да се практикува самоконтрола е да се практикува дарежливост, што ќе овозможи големата сочувствителна природа на Универзумот да учествува во заздравување на ситуацијата што претходно создавала емоции, почнувајќи од најамала иритација до бес.
Заборавање
Заборавањето значи да одбиете да го репродуцирате настанот или ситуацијата во вашата глава. Со други зборови значи да ја пуштите или да се ослободите од меморијата. Свесното заборавање се состои во пуштање на настанот или ситуацијата, на не инсистирање тоа да остане во преден план, туку да се дозволи да го напушти вашето поле на свесност.
Практикуваме свесно заборавање кога одбиваме да се „фрлиме“ во лоши спомени. Заборавањето е активно дело, не пасивен став. Тоа значи да не се носат посебни сеќавања на површина, постојано повторувачки мисли, слики или емоции предизвикани од настанот.
Свесното заборавање значи свесно решавање да се откажете од опсесивната практика да се навраќате на минатото и да ја надминете ситуацијата без притоа да гледате назад или на било кој начин да го преживувате истото. Тоа значи да се создаде нов пејсаж, создавање нов живот и искуство. Свесното заборавање не ја брише меморијата, тоа едноставно ги неутрализира и ги ослободува емоциите околу умот.
Простување
Постојат многу начини да се прости на индивидуа, етничка група, заедница па дури и земја за лошо дело или однесување. Како и да е, неопходно е да се запамети дека конечното „простување“ не е чин на потчинување или капитулација. Тоа е свесна одлука да престане да се крие незадоволството, вклучувајќи го и простувањето на делото и откажување од решеноста за одмазда. Останува на индивидуата да одлучи кога ќе прости и која алатка ќе ја искористи за да го одбележи тој настан. Од вас зависи да одлучите кој долг повеќе не треба да се плати.
Некои луѓе се одлучуваат за тотално простување. Го ослободуваат лицето од понатамошно барање на прошка или надоместување. Други претпочитаат да престанат со помирувањето на средина, „напуштајќи“ го долгот, тврдејќи дека тоа што е направено е направено и дека компензацијата е доволна. Друг вид на простување е да се ослободи лицето без да се изврши емоционално или друго обештетување.
Една од најдлабоките форми на простување е давање сочувствителна помош на сторителот. Ова не значи дека треба да ја ставите главата во гнездото на змијата, туку да бидете чувствителни и флексибилни со вашето сочувство, безбедност и подготвеност.
Свесното простување започнува кога ќе завршат сите воздржувања, контроли и заклучоци. Вистинската форма на простување ги вклучува сите, што значи да не се држат на дистанца и да не се игнорираат ситуациите или личностите. Психата на душата треба да ја ограничи изложеноста на луѓето кои се тешки за вас колку што е можно повеќе.
Простувањето е чин на создавање. Може да одбереме од многу начини како да продолжите. Може да простите сега за сега, да не простите, да простите до следниот пат, да простите но да не дадете шанса, или да изберете да почнете одново доколку се случи друг инцидент. Може да се одлучите да дадете само уште една шанса, да дадете уште неколку можности, да дадете многу шанси, да дадете шанса само ако.. Може да простите дел од делото, половина или целосно. Вие имате лична моќ да одлучите. Простувањето не значи дека треба повторно да ја сакате личноста.
„Не е лесно патување да се дојде до местото каде што им простувате на луѓето. Но, тоа е моќно место, затоа што ве ослободува.“
Тајлер Пери
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.