Од 1958 година, Махариши Махеш има обучено преку 40.000 учители за трансцедентална медитација или ТМ. Овие учители го имаат пренесено знаењето на повеќе од шест милиони луѓе ширум светот. Оваа едноставна пракса им овозможува на практикантите да постигнат длабок мир и да дојдат во контакт со својот внатрешен извор на кретивност, енергија и инспирација.
За време на практикување на ТМ, телото и умот доживуваат уникатна состојба на пријатна будност. Бидејќи умот се смирува, телото станува поопуштено. Во најпогодна состојба на свесност, умот ја надминува целата ментална активност за да се доживее наједноставната форма на свесност – трансцедентална свест.
Многу истражувања покажале дека доживување на оваа состојба е во корелација со поголема креативност, подобрување на концентрација, повисоко морално расудување, зголемена кохерентност на мозочни бранови и подобрено невролошко функционирање на телото.
Практикување на ТМ ја зголемува енергијата, креативноста и интелигенцијата. Ова пак, помага да се разбуди неограничениот потенцијал на умот и телото на оној кој медитира. Резултатот е дека оние кои практикуваат ТМ, уживаат поголемо здравје, среќа и успех во сите аспекти на животот.
Како да медитирате?
Секој може да научи како да медитира. Не се потребни посебни лекции, книги или опрема. Луѓе од сите возрасти, култури и образовни позадини можат да практикуваат ТМ.
Изберете време и место кога нема да бидете вознемирувани. Потоа, седнете удобно во седечка положба со затворени очи, повторувајќи ja мантра во себе. На оние кои медитираат им е наложено да ја чуваат мантрата во тајност, за да обезбедат максимални резултати. Не се потребни напори, концентрација, никакви посебни вештини, ниту промена на животниот стил. Мислите ќе доаѓаат и ќе си одат.
Луѓето може да имаат корист од ТМ дури ако не веруваат дека тоа ќе функционира. Обидете се редовно да медитирате 20-тина минути, два пати на ден и ќе започнете да ги согледувате резултатите во форма на подобрување на животот.
За разлика од другите видови на медитации, ТМ се изучува преку седум одредени чекори, низ кои треба да ве води школуван учител.
Придобивките од ТМ
Практикантите на трансцедентална медитација започнуваат да забележуваат позитивни промени во нивните животи во рок од неколку дена или недели откако ќе започнат со медитација. Овие придобивки вклучуваат појасно размислување, подобрена меморија, подобрена креативноста и поостар интелект. Овие промени можат да им помогнат на луѓето да постигнат повеќе во својата работа и да бидат поефективни без да работат повеќе. Како други бенефити од практикување на ТМ се забележуваат зголемен имунитет, намалување на ефектите од стареење, поголема виталност итн. ТМ може да ви помогне во односите со другите. Може да ви помогне да станете посамоуверени и да уживате во пријателствата.
Махариши учи дека со редовно практикување трансцедентална медитација може да изберете што сакате да бидете во животот и да започнете да ја постигнувате таа цел.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.