Потребни состојки:
- 230гр. тестенини;
- 190гр. брокула;
- 230гр. печурки (свежи);
- песто ( домашно приготвен или готов сос)
- 45мл. маслиново масло;
- сол и бибер.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 25 минути.
Нутритивна вредност: калории 340; натриум 230мг. (10%); масти 12гр. (18%); протеини 11гр. (22%); јаглехидрати 47гр. (16%); влакна 4гр. (16%).
Начин на подготовка:
Во сад на оган ставете ги тестенините да се варат. Во друг сад на оган ставете ја брокулата кратко да омекне. Во меѓувреме во сад на оган на средна температура, ставете маслиново масло и пропржете ги печурките, претходно исцечкани. Пржете додека не омекнат и не добијат златеста боја. Кога ќе бидат готови во поголем сад за послужување ставете ги претходно сврените тестенини, брокулата, исецкана на парчиња, печурките и додајте го песто сосот. Убаво промешајте, додајте сол и бибер по желба и послужете.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.