Потребни состојки за тестенини со модар патлиџан:
- 400гр. тестенини (пене паста);
- 1 модар патлиџан (поголем, исечен на парчиња);
- 1 црвена пиперка (исечена на парчиња);
- половина главица кромид;
- 1 чешне лук;
- 200гр. спанаќ;
- 260мл. доматен сос;
- чили;
- шеќер
- сол и бибер.
Потребно време за подготвка на ова јадење е 40 минути.
Нутритивна вредност: калории 740; натриум 570мг. (24%); масти 6гр. (9%); протеини 24гр. (47%); јаглехидрати 148гр. (49%); влакна 11гр. (44%).
Начин на подготовка:
Ставете ги тестенините да се варат. Во меѓувреме на тава со маслиново масло пропржете го кромидот и лукот. Додајте го сецканиот модар патлиџан и пиперката. Пропржете и додајте ги зачините. Додајте го доматниот сос и малку шеќер за да избие киселоста. Оставете кратко да проврие, па потоа додајте го спанаќот. До сега тестенините веќе треба да се готови. Ставете ги директно во сосот, убаво промешајте и послужете.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.