Потребни состојки:
- 2 тиквички;
- 1 кромид;
- 2 чешниња лук;
- 2 лажици маслиново масло;
- сол;
Потребно време за подготовка на ова јадење е 20 минути.
Нутритивна вредност: калории 240; натриум 540мг. (23%); масти 18гр. (28%); протеини 4гр. (8%); јаглехидрати 16гр. (5%); влакна 4гр. (16%).
Начин на подготовка:
Излупете ги тиквичките и кромидот и ставете ги во сад на оган да се варат 10 до 15 минути. Кога ќе бидат готови, тиквичките, кромидот, лукот и маслиновото масло ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Додајте од водата во која се варел зеленчукот за да ја добиете посакуваната густина на супата. Послужете додека е топла.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.