Потребни состојки:
- 1.5 литри вода;
- 1 карфиол;
- 1 кромид;
- 4 чешниња лук;
- малку маслиново масло;
- свеж рузмарин; (или сушен како замена)
- магдонос;
- сол и бибер.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 35 минути.
Нутритивна вредност: калории 80; натриум 650мг. (27%); масти 3.5гр. (5%); протеини 4гр. (8%); јаглехидрати 11гр. (4%); влакна 4гр. (16%).
Начин на подготовка:
Во лонец ставете ја водата, карфиолот и рузмаринот. Додајте го исецканот кромид и лук. Варете додека карфиолот не омекне. Кога карфиолот ќе омекне ставете го во блендер и додадете малку од водата за да се добие кремаста супа. Послужете со длабоки садови со малку маслиново и магдонос.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.