Сите ја бараме таа „неостварлива“ среќа и трчаме кон иднината со надеж дека ќе не ослободи од неволјите и дека ќе бидеме посреќни. Децата сметаат дека кога ќе ја добијат играчката што ја сакаат ќе бидат среќни. Студентите сметаат дека кога ќе се вработат во посакуваната компанија по завршување на факултетското образование, ќе бидат среќни. Еден млад човек сонува за совршената сопруга и семејство кое ќе го направи среќен. Еден човек со семејство размислува како, кога ќе ја подобри финансиската ситуација на своето семејство, ќе бидат среќни. Но всушност никој не е среќен, сè додека не сфати дека среќата постои само во сегашниот момент.
Зошто не сме среќни?
Денес не сте задоволни и среќни со ситуациите такви какви што се. Посакувате да можат да бидат подобри или различни.
- Гледате пречки во животот, но ви фали силата за се соочите со нив. Што ако вашата вистинска природа е да бидете воин и да се борите со предизвиците?
- Разочарани од себеси и се чувствувате безвредни. Што ако вашата вистинска природа излезе на површина со само-прифаќање?
- Се чувствувате слаби и немоќни. Што ако треба да се ослободите од зависењето од другите за да сфатите дека целата моќ што ви е потребна за да ја промените ситуацијата е веќе во вас?
- Се чувствувате повредени и изневерени. Што ако простувањето ве ослободи?
- Никој не ве слуша. Што ако треба да ги разбрете другите, за да бидете самите разбрани?
- Изгубивте во натпреварувањето. Што ако прифаќањето ви помогне да го најдете патот?
- Се чувствувате незадоволно и изгубено. Што ако верата и надежта ви се вистинската природа и приближувајќи се кон неа ја гледате светлината зад аголот?
Ништо не можеме да промениме, додека не прифатиме. Осудата не не ослободува, туку не угнетува – Карл Густав Јунг
Карл Густав Јунг
Среќата доаѓа со ослободување на секакво неприфаќање на она што е. Согласете се дека не ви се допаѓа начинот на кој се обликува вашиот личен живот или кариерата или социјалниот живот. Но, фрустрацијата, стравот и негативноста само ќе ве одалечат од изнаоѓање на решение. Сè што гледате наоколу е дизајнирано да ве приближи до „вистинското јас“, покажувајќи ви ја во огледало вашата свесност. Сè она што сакате да го смените во огледалото е она што не сте. Она што ве прави мирни и задоволни е вашата природна состојба.
Интелигенцијата се буди со благодарност за она што го имате. Среќата е вашата вистинска природа само треба вистински да го разберете тоа. Можеби мислите, „Ако ја прифатам сегашноста, ќе престанам да се борам за подобро утре“. Но, тоа нема да се случи. Ние сме креативни и интелигентни суштества по природа, и растот е својствен дел од нашето постоење.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.