Спиењето и менталното здравје се тесно поврзани. За да можат да функционираат нормално, возрасните луѓе треба да спијат од 7 до 9 часа секоја вечер. Недостатокот на сон може да предизвика дневен замор, да ги зголеми шансите да се разболите и да има долгорочни ефекти врз вашето физичко здравје.
Но, спиењето (или подобро речено неспиењето) може да има влијание и врз вашето ментално здравје.
Мозокот минува низ неколку промени кога не спиеме доволно. Слаба меморија, промени во однесување и начин на размислување се само едни од симтомите од недоволен сон. Можно е да имате помал фокус, раздразливи и да имате други промени кои едноставно не наликуваат на вас. Кога сме подолго време без соодветен сон може да се зголеми ризикот од развој на депресија или да се влошат постоечките ментални состојби.
Како може да ги промените вашите навики за спиење за да го подобрите менталното здравје? Без разлика каква е вашата ситуација, со неколку различни стратегии можете да го подобрите квалитетот на спиење.
Борба со несоница
Луѓето имаат проблеми со несоница од различни причини, вклучувајќи стрес, лоши навики за спиење, па дури и физички состојби како ноќна апнеја. Најдобар начин да го подобрите квалитетот на сонот е ако ја пронајдете основната причина за проблемите за спиење, односно предизвикателот на несониците.
Ако лошите навики за спиење се причина за вашата несоница, неколку едноставни промени во ноќната рутина можат да ви помогнат и да направат голема разлика. Како прво, вашата спална соба треба да се користи само за спиење. Тоа не треба да биде место каде што гледате телевизија, или работите. Обидете се да ги правите тие работи во друга просторија, така што вашата спална ќе остане просторија само за спиење. Уредете ја вашата соба со мирни бои, завеси што ја блокираат светлината, па дури и мириси, како на пример лавандата, кои можат да ви помогнат да се чувствувате смирено.
Исто така, многу е важно да заспивате, или барем да се потрудите да заспивате во исто време секоја вечер, избегнувајќи да користите електонски уреди најмалку еден час пред спиење за да спречите дополнителна и непотребна стимулација на важиот мозок. Понекогаш, неколку едноставни промени може да помогнат со несоницата.
Вежбање за подобар сон
Многу истражување имаат докажано дека редовното вежбање може да го зголеми нивото на серотонин во мозокот, што доведува до чувство на среќа и помалку стрес. Дополнително на тоа, вежбањето на отворено има уште поголеми придобивки, бидејќи присуството во природа го подобрува расположението и го подига нивото на енергија.
Тоа не значи дека мора да трчате маратон за да го подобрите вашето ментално здравје или вашиот сон. Едноставно пробајте да бидете што е можно поактивни во текот на денот и тоа ќе направи разлика. Наоѓање на физичка активност која ви се допаѓа ќе ви овозможи да останете доследни и мотивирани. Еве неколку идеи:
- Џогирање
- Пливање
- Возење велосипед
- Јога
- Пешачење
Познато е дека јогата го намалува стресот и помага во култивирање на чувство на спокојство, што може да биде плус придобивка за подобрување на вашето ментално здравје и квалитетот на сон.
Барање и добивање поддршка
Ако имате ментални здравствени состојби како депресија или анксиозност, често може да се чувстувате како да сте во маѓепсан круг. Еден од најчестите симптоми на овие состојби е проблемот со спиење. Спиењето и менталното здравје се тесно поврзани. Недостатокот на сон може да ги влоши овие состојби, па корисно за вашата состојба и за менаџирање на симптомите е да побарате поддршка од стручно лице, па дури и од семејстовото или пријателите.
Речиси е невозможно самостојно да се справите со проблемите со менталното здравје. Барањето помош е еден од првите чекори што треба да ги преземете ако навистина сакате да ја преземете контролата врз вашиот живот – вклучувајќи го и вашиот сон.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.