Спанaќ или уште познат како Spinacia oleracea, му припаѓа на семејството амаранти и е поврзан со цвеклото и киноата. Тој е едногодишно растение, кое има изразено зелени, нежни листови. Спанаќот потекнува од Персија, а во Европа се смета дека е донесен во 15-тиот век, но сега најмногу се произведува во САД и Кина. Тој е полн со хранливи материи и антиоксиданти и се смета дека е многу здрав.
Нутритивни факти
Нутритивни факти за свеж спанаќ – 100 грама | |
Количина | |
Калории | 23 |
Вода | 91% |
Протеини | 2.9 гр. |
Јаглехидрати | 3.6 гр. |
Шеќер | 0.4 гр. |
Влакна | 2.2 гр. |
Масти | 0.4 гр. |
Омега 3 | 0.14 гр. |
Омега 6 | 0.03 гр. |
Витамини и минерали во спанаќ
Спанаќот е одличен извор на витамини и минерали:
Витамин А : Спанаќот е богат со каротеноиди, кои телото може да ги претвори во витамин А.
Витамин Ц : Моќен антиоксидант кој го зајакнува имунолошкиот систем и позитивно влијае на кожата.
Витамин К1 : Витаминот К е од суштинско значење за згрутчување на крвта. Еден лист спанаќ содржи повеќе од половина од дневната потреба за овој витамин.
Фолна киселина : Познат и како витамин Б9 или фолат. Овој витамин е од суштинско значење за нормална клеточна функција и раст на ткивата и е многу потребен на бремени жени.
Железо : Спанаќот е богат извор на овој минерал. Железото помага да се создаде хемоглобин, кој носи кислород до ткивата на телото.
Калциум : Многу важен минерал за оддржување на здравјето на коските.
Спанаќот исто така содржи и други витамини и минерали, како што се калиум, магнезиум, витамин Б6 и витамин Е, но во помали количини.
Здравствени придобивки од спанаќ
Спанаќот е исклучително здрав и е поврзан со бројни здравствени придобивки. Помага да се намали оксидативниот стрес, во подобрување на здравјето на очите и влијае врз намалување и регулирање на крвниот притисок, со што го олеснува работењето на срцето. Тој го потикнува функционирањето на панкреасот,со што го помага работењето на бубрезите. Спанаќот е вистински детоксикант за организмот го чисти токсините и ги буди сите забавени метаболички процеси.
Спанаќот исто така влијае во јакнење на влакната на косата, јакнење на ноктите, а ја чува и одржува виталноста на кожата. Го чува здравјето на нервниот систем, но исто така го засилува и чува имуниот систем, благодарејќи на високите количества на витамини кои ги содржи. Огромната количина на фолна киселина јасно укажува дека спанаќот треба да биде конзумиран од страна на анемичните лица и бремените жени, содржи и многу железо, па поради ова тој е делотворен без разлика за каква анемија се работи.
Оксидативен стрес
Слободните радикали се нуспроизводи на метаболизмот. Тие може да предизвикаат оксидативен стрес, кој предизвикува предвремено стареење. Ова исто така го зголемува ризикот од рак и дијабетес. Сепак, спанаќот содржи антиоксиданти кои се борат против оксидативниот стрес и помага да се намали штетата што ја предизвикува.
Едно контролирано истражување на 8 здрави луѓе покажало дека спанаќот помогнал да се спречи оксидативното оштетување. Иако горенаведеното истражување било доста мало, наодите биле поддржани и од други спроведени истражувања.
Здравјето на очите
Спанаќот содржи големи количини на зеаксантин и лутеин, кои се каротеноиди одговорни за боја во некои зеленчуци. Човечките очи исто така ги содржат овие пигменти. Тие помагаат да се заштитат очите од штетите предизвикани од сончева светлина.
Дополнително, неколку истражувања покажале дека зеаксантин и лутеин работат за да се спречи макуларна дегенерација и катаракта, водечки болести кои предизвикуваат слепило.
Крвен притисок
Спанаќот содржи големи количества нитрати, за кои се покажало дека помагаат во регулирање на крвниот притисок и намалување на ризикот од срцеви заболувања.
Едно контролирано вкрстено истражување на 27 лица покажало дека јадењето спанаќ ефективно го намалува нивото на крвниот притисок. Неколку други истражувања, исто така, укажале на тоа дека спанаќот може да помогне во регулирање на крвниот притисок, што доведува до подобрување на здравјето на срцето.
Предупредувања
Спанаќот генерално се смета за многу здрав. Сепак, може да предизвика негативни ефекти кај некои луѓе. Луѓето кои имаат проблем со функцијата на бубрезите, не би требало да консумираат спанаќ во големи количини поради оксалната киселина која може да предизвика кристалчиња. Истото важи и за лицата кои земаат лекови за намалување на згрутчувањето на крвта (антикоагуланси), кои би требало да ги избегнуваат зелените зелечуци особено спанаќот, бидејќи е богат извор на витаминот К1.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.