Спиењето е од суштинско значење, а квалитетниот сон е подеднакво важен и за физичкото и за менталното здравје. Сепак, многумина имаат проблеми со спиењето, без разлика дали тоа се должи на несоница, лоши навики пред спиење или во текот на денот. Прочитајте ги следните совети како да заспиете полесно:
1. Создадете вечерна рутина
Легнување во исто време секоја вечер е еден од наједноставните начини да ја создадете вашата рутина и полесно да заспиете.
Овој совет можеби нема да му одговара на секого, особено на оние кои работат во смени или во доцните вечерни часови. Меѓутоа ако имате предвидлива работа, со статично работно време или флексибилно упоравувате со вашиот ден, тогаш искористете ја оваа предност да си го одредите времето кога ќе спиете.
2. Ограничете ги електронските уреди
Можеби мислите дека гледањето телевизија или играњето игричка пред спиење ни помага да се опуштиме и релаксираме, меѓутоа тие го одржуваат умот ангажиран и активен и не спречуваат да имаме квалитетен сон.
Истражувањата покажуваат дека една од причините поради која не можете да заспиете навечер е сината светлина емитирана од уредите која што всушност може да го запре мелатонинот и да го спречи вашето тело да заспие.
3. Не гледајте го часовникот
Без оглед дали имате часовник на телефонот или обичен часовник, гледањето колку е часот ни пречи во сонот.
Сигурно некогаш сте се разбудиле, сте го погледнале времето и сте увиделе дека имате само уште час и половина пред да се уклучи алармот. Оваа навика може да го попречи циклусот на спиење и на некои луѓе може да им биде невозможно повторно да презаспијат.
Наместо да гледаме во часовникот и да се вознемируваме или размислуваме уште колку време имаме додека не ни заѕвони алармот, подобро е да го оставиме телефонот или часовникот подалеку од дофат на раце, за да не паднеме во искушение да го погледнеме доколку се разбудиме пред време.
4. Јадете четири часа пред спиење
Јадењето доцна во ноќта може да ви го попречи спиењето. Кога организмот ја вари храната, на нашето тело му е потешко да разбере дека е време за спиење. За да го избегнете ова, последниот оброк нека ви биде четири часа пред спиење. Исто така треба да ги избегнување и ужинките или закуските доцна во ноќта, бидејќи и најмалата закуска може да ви влијае на сонот.
5. Воспоставете ритуали пред спиење
Ако имате проблеми со спиењето, една од првите работи што треба да ги направите е да размислите што правите пред спиење?
Создавање на рутина навистина може да му помогне на телото да се синхронизира и да се подготви за одмор. Правење исти работи, по ист редослед секоја вечер, му укажува на телото дека доаѓа времето за спиење и со тоа може да заспиете полесно и побрзо.
Секој има различни ритуали пред спиење, но сепак тие треба да бидат бавни и смирувачки. Миење на лицето, туширање, миење заби се стандарни задачи што треба да ги додадете во ритуалите пред спиење. Може да додадете и релаксирачка музика или читање на книга, или било која активност која ве релаксира.
6. Создадете пријатна средина за спиење
Некои од нас имаат проблеми со заспивање затоа што средина околу нас не е погодна за добар ноќен одмор. Сè околу нас, од звуците, до вашиот душек и перница влијаат на нашето спиење.
За среќа постојат неколку работи што може да ги направите за да ја модифицирате средината за спиење. Очигледно, инвестирајте во квалитетен душек и перница. Ако живеете во бучно место, купете тампони за уши за да ја намалите бучавата. Тишината е неопходна за квалитетен сон. Исто така набавете си и маска за преку очи или темни завеси, доколку сте изложени на силна светлина наутро.
7. Не се потпирајте на лекови за спиење
Пробајте да ги избегнете апчињата за спиење, за да не станете зависни од лекови за да имате мирен сон. Секако, ова не се однесува доколку вашиот лекар ви има кажано дека имате проблем со спиење и ви препишал соодветна терапија.
8. Сменете го времето кога се будите
Најдобриот совет за проблемот со спиењето може да биде и промена на времето на будење и утринската рутина. Нашата навики во спиење ги вклучуваат и утринските ритуали.
Потребно е да имате редовна рутина за будење односно да пробате да се будите секој ден во исто време. Откако ќе се разбудите поставете си утрински активности како трчање, медитирање и слично.
Клучот е да воспоставите рутина за телото да добие навика да се буди во одредено време. Се разбира тоа ќе му помогне и на ритамот на спиење.
9. Дремнете претпазливо
Кога не спиеме доволно ноќе, природната реакција на телото е да надокнади преку ден, а тоа доведува до дремнување.
Дремнувањето може да биде супер начин да го одморите телото, но бидете внимателни ако трае премногу долго може да го наруши ритамот на спиење. Според некои истражувања на НАСА, 40-минутното дремнување ја подобрува будноста во текот на денот и не го нарушува ритамот на спиење.
Заспивањето може да биде стресно за многумина од нас. Обидот да се постави редовен распоред за спиење може многу да му помогне на телото да заспие. Пробајте да ги примените овие совети како да заспиете полесно и видете дали конечно ќе се разбудите чувствувајќи се одморени.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.