Овие совети за медитација не се наменети за да од вас направат експерт, туку за да ви помогнат да ја започнете вашата пракса и да ја одржите. Не мора да ги примените сите одеднаш, можете да пробате неколку од овие практични совети и да се вратите на оваа статија кога ќе сакате да пробате уште неколку.
1.Медитирајте само 2 минути
Ова може да изгледа екстремно лесно, да останете во медитација само 2 минути. И ако изгледа така – одлично! Направете го тоа. Започнете да медитирате само две минути, цела недела. Ако успеете да одржите континуитет зголемете го времето за уште две минути. Ако и тогаш ви оди добро, со текот на времето ќе може да го зголемувате времето што го поминувате медитирајќи, но, започнете со мали чекори.
2. Медитирајте наутро
Лесно е да се каже „ќе медитирам секој ден“, но потешко е да го исполниме тоа ветување. Затоа полесно ќе ви биде ако створите навика секое утро кога ќе се разбудите, веднаш да медитирате. Дури, можете да си ставите потсетник за да ви биде полесно да не заборавите.
3. Препуштете се
Повеќето луѓе се грижат како да седнат, каде да седнат, каква техника да користат и сето тоа е во ред, но сепак поважно е да започнете. Започнете со седење на столче или лежење на земја. Ако ви е удобно седнете на подото со скрстени нозе. Само седнете (или легнете) негде на тивко и удобно.
4. Проверете како се чувствувате
Кога за прв пат пробувате да „медитирате“ проверете како се чувствувате. Како го чувствувате телото? Дали е умот уморен, вознемирен или смирен? Се што ќе забележите додека медитирате е добредојдено.
5. Бројте го дишењето
Откако ќе ја наместите удобно положбата, насочете го вниманието кон дишењето. Чувствувајте го воздухот низ вашите ноздри. Секое вдишување и издишување го броиме како едно и продолжете така до 10 за почеток. Доколку сакате повторете уште една или две серии.
6. Вратете се во сегашниот момент
Нормално е вашиот ум да лута додека медитирате. И тука нема ништо погрешно. Кога ќе забележите дека вашиот ум лута тогаш само вратете го вниманието на дишењето. Сосема е возможно да чувствувате блага фрустрација, но ова е дел од процесот кој ја зајакнува нашата концентрација и фокус.
7. Не се форсирајте да го „испразните“ умот
Многу луѓе мислат дека за време на медитација не треба да имаат никакви мисли, или треба да ги стопираат мислите кои доаѓаат. Иако, понекогаш може да се случи да немате мисли, тоа не е „целта“ на медитацијата. Нормално е да се појавуаат мисли. Обидете се да го „вежбате“ вниманието и правете го тоа кога ќе приметите дека вашиот ум лута.
8. Запознајте се себеси
Медитацијата не е пракса само за да научите да го фокусирате вниманието, туку и пракса за да ви помогне да се запознаете себеси. Преку медитација учиме како да ни функционира умот. Што се случува таму внатре? Можеби е магловито во моментот, но гледајќи како умот лута, се фрустрира или ги избегнува тешките чувства ќе ни помогне подобро да разбереме што се случува во позадина.
Медитација не е секогаш лесна, ниту совршена. Но, секако нуди неверојатни придобивки. Применете ги овие совети за медитација. Можете да започнете уште денес и да продолжите до крајот на животот.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.