Пред нешто повеќе од педесет години, астронаутите првпат погледнаа низ прозорецот на нивниот вселенски брод и ја видоа Земјата од вселената, светло сина топка висната во темнината. Од таа перцепција кај човекот се развива инстант глобална свест, ориентација кон луѓето, интензивно незадоволство од состојбата на светот и потреба да се направи нешто во врска со тоа. Одеднаш целиот свет го доживуваме како една кохезивна целина, а не како збирка на многу различни земји и култури, и свест веднаш се подигна.
Денес сме повикани да ја прифатиме истата „глобална свест“. Човештвото се соочува со многу проблеми кои можеме да ги решиме само заедно, па затоа е време да ја прошириме нашата свест надвор од старите дефиниции за раса, класа, националност итн. Ова значи да се бара титулата „совесен граѓанин на Земјата“ како примарен идентитет на овој свет. Ако сите луѓе се придружат кон оваа цел, може да се тронсформира начинот на живеење на Земјата. Еве неколку совети за развивање на сопствен животен стил за жители на Земјата:
1. Идентификувајте се како совесен граѓанин на Земјата
Ова е првиот и најважниот чекор за промена на свест за светот во кој живееме. На крајот на краиштата, сите ние се потпираме на Земјата за нашиот живот и егзистенција, но сепак многумина сè уште се преокупирани со помали „етикети“, како што се националностите и другите културни идентитети. Важно е да се гордеме со својата семејна историја и уникатно културно наследство, но уште поважно е да се признае и увиди дека сите ние на крајот доаѓаме од истото место во универзумот – планетата Земја.
2. Изразете благодарност за Земјата
Лесно е да ја земеме Земјата здраво за готово. На крајот на краиштата, таа продолжува да ни дава без разлика дали се грижиме за неа или не. За да ја зајакнеме сопствената свест за граѓаните на Земјата, треба секој ден да и се заблагодаруваме за сè она што таа ни дава. На пример, оваа благодарност може да ја изразиме во дел од нашата медитативна пракса или во тивок благослов што го кажуваме пред оброкот.
3. Бидете свесни за сите живи суштества
Растејќи, веројатно сте научиле дека мора да бидете внимателни и љубезни кон другите луѓе. Сега, треба да го прошириме тој начин на размислување и надвор од човечкиот свет. Нашата планета содржи голема, прекрасна мрежа на живот која вклучува меѓузависни форми на живот. Ние ја делиме оваа планета со нив и не е во ред да им наштетиме или да ги третираме како потрошни. Треба да сме свесни за сите прекрасни растенија и животни на овој свет и да ги третираме како пријатели на патување низ животот.
4. Најдете радост во вашиот живот каков што е сега
Погледнете наоколу и чувствувајте благодарност за она што го имате сега – вашата заедница, вашите пријатели, вашето здравје и сите други благослови што ви ги донел животот. Уживајте во едноставните, убави нешта од животот – на пример прекрасен цвет, синото небо или прекрасното зајдисонце.
5. Живејте одржливо
Повеќето луѓе денес имаат шанса да купат многу работи и да патуваат на места за кои нивните прабаби и дедовци не можеле ни да сонуваат. Ова може да донесе прекрасни искуства во нашите животи, но на крајот не може да донесе среќа, а нашите модели на потрошувачка и штетат на Земјата. Направете сè што можете за да го намалите штетното влијание што го оставате и започнете пракси што и се од корист на планетата како што се рециклирање, купување помалку непотребни работи и намалување на употребата на нафтени продукти.
6. Размислувајте на начин кој им користи на повеќе луѓе
Во Кореја постои филозофија наречена „Хонгик“. Тоа значи „да се живее за широка корист на сите“. Со други зборови, да живееме на начин кој им користи на сите, не само на нас или на нашето потесно семејство. Кога поставувате цели за животот или кога донесувате важни одлуки, запрашајте се: „Како човештвото и светот имаат корист од моите постапки и избори?“
7. Комуницирајте со природата
Поминување време во природа е многу важно за здравјето на телото, умот и душата. Истражувањата покажуваат дека дури и слики од природа помагаат во намалување на нивото на стрес. Кога сме во природа, навистина можеме да ја почувствуваме нашата поврзаност со Земјата, а нашите лични проблеми и грижи лесно губат на значење.
8. Проширете ја вашата свест
Да се биде совесен граѓанин на Земјата значи дека сте свесни за другите, не само за себе. Секогаш пробувајте да го проширите знаење за светот, вклучувајќи ги и социјалните и еколошките прашања.
9. Поврзете се со енергијата на Земјата
Иако можеби изгледаме како посебни суштества од физички аспект, сите ние сме поврзани преку енергија. Луѓето се поврзани едни со други, но исто така сме поврзани со други живи суштества, па дури и со целиот космос, преку мрежа на енергија која поврзува сè заедно како едно. Граѓаните на Земјата треба да ги живеат своите животи со свесност за огромната величественост и моќ на енергетскиот систем што поврзува сè заедно како едно.
10. Дозволете и на душата да расте
Граѓаните на Земјата разбираат дека животот е патување чија цел е континуирана нагорна еволуција. Кога го живееме животот со желба за раст, напредок и подобрување, тогаш ја нагласуваме таа потреба и го забрзуваме тој раст што ултимативно доведува до крајно исполнување.
Животот како совесен граѓанин на Земјата е радосен. Тоа е живот на поврзување со другите и славење на нашиот заеднички идентитет како живи суштества кои споделуваат мала планета. Ако најдеме единство во нашиот заеднички идентитет како граѓани на Земјата, проблемите што изгледаат огромни повеќе нема да изгледаат непремостливи. Сите сме прекрасен дел од мозаикот на животот на оваа планета и имаме повеќе моќ отколку што сфаќаме, затоа треба да го побараме вистински идентитет сега. Земјата и нејзиното опстојување сметаат на нас.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.